Окрузи во Србија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на окрузите во Србија

Округот (официјално: „управен округ“)[1] е административна единица во Србија, поделена на општини и/или градови. Уредени се со Законот за територијална организација од 1992 г. како подрачни единици на централната власт и немаат никаква самоуправа, туку раководат како претставници на владата.[2].

Во земјата има вкупно 29 окрузи, од кои 7 се во Војводина, 8 во Шумадија и Западна Србија, 9 во Јужна и Источна Србија и 5 на Косово (кои имаат спорен статус). Градот Белград не е дел од ниеден округ, но има посебен статус сличен на окрузите. Најголемиот град во округ е негов административен центар.

Во 2000 г. протекторатската управа на УНМИК ја има изменето територијалната организација на Косово, укинувајќи ги петте окрузи и создавајќи седум нови. Самата Србија не ги признава и ги смета своите за сè уште важечки.

Список на окрузи[уреди]

Окрузи во Шумадија и Западна Србија[уреди]

Округ Админ. центар Површина
(км²)
Население
(2011)
Население
(жит/км²)
Општини/
градови
Населени
места
Златиборски
Zlatiborski okrug.PNG
Ужице 6.140 284.729 46,4 438
Колубарски
Kolubarski okrug.PNG
Валево 2.474 174.228 70,4 218
Мачвански
Mačvanski okrug.PNG
Шабац 3.268 297.778 91,1 228
Моравички
Moravički okrug.PNG
Чачак 3.016 212.149 70,3 206
Поморавски
Pomoravski okrug.PNG
Јагодина 2.614 212.839 84,8 191
Расински
Rasinski okrug.PNG
Крушевац 2.667 240.463 90,2 296
Рашки
Raški okrug.PNG
Кралево 3.918 300.102 76,6 359
Шумадиски
Šumadijski okrug.PNG
Крагуевац 2.387 290.900 121,8 174

Окрузи во Јужна и Источна Србија[уреди]

Округ Админ. центар Површина
(км²)
Население
(2011)
Население
(жит/км²)
Општини/
градови
Населени
места
Борски
Borski okrug.PNG
Бор 3.507 123.848 35,3 90
Браничевски
Braničevski okrug.PNG
Пожаревац 3.865 180.480 46,7 189
Заечарски
Zaječarski okrug.PNG
Заечар 3.623 118.295 32,6 173
Јабланички
Jablanički okrug.PNG
Лесковац 2.769 215.463 77,8 336
Нишавски
Nišavski okrug.PNG
Ниш 2.729 373.404 136,8 285
Пиротски
Pirotski okrug.PNG
Пирот 2.761 92.277 33,4 214
Пчињски
Pčinjski okrug.PNG
Врање 3.520 158.717 45,1 363
Подунавски
Podunavski okrug.PNG
Смедерево 1.248 198.184 158,8 58
Топлички
Toplički okrug.PNG
Прокупле 2.231 90.600 40,6 267

Окрузи во Војводина[уреди]

Округ Админ. центар Површина
(км²)
Население
(2011)
Население
(жит/км²)
Општини/
градови
Населени
места
Западнобачки
Zapadnobački okrug.PNG
Сомбор 2.420 187.581 77,5 37
Јужнобанатски
Južnobanatski okrug.PNG
Панчево 4.245 291.327 68,6 94
Јужнобачки
Južnobački okrug.PNG
Нови Сад 4.016 607.835 151,3 77
Севернобанатски
Severnobanatski okrug.PNG
Кикинда 2.329 146.690 63,0 50
Севернобачки
Severnobački okrug.PNG
Суботица 1.784 185.552 104,0 45
Среднобанатски
Srednjebanatski okrug.PNG
Зрењанин 3.256 186.851 57,4 55
Сремски
Sremski okrug.PNG
Сремска Митровица 3.486 311.053 89,2 109

Окрузи во Косово и Метохија[уреди]

Србија повеќе нема суверенитет врз Косово, па затоа следниве окрузи имаат чисто формален статус. Денес Косово е поделено на седумте окрузи создадени во 2000 г. од управата на УНМИК.

Округ Админ. центар Население
(2002)
Општини/
градови
Косовски
Kosovski okrug.PNG
Приштина 672.292
Косовско-поморавски
Kosovsko-Pomoravski okrug.PNG
Гњилане 217.726
Косовскомитровички
Kosovskomitrovički okrug.PNG
Косовска Митровица 275.904
Пеќски
Pećki okrug.PNG
Пеќ 414.187
Призренски
Prizrenski okrug.PNG
Призрен 376.085

Наводи[уреди]

  1. Закон о државној управи, Службени гласник 79-05, 16. септембар 2005.
  2. Закон о територијалној организацији Републике Србије, Службени гласник 129-07, 29. децембар 2007.

Поврзано[уреди]