Заечар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Заечар
Зајечар
—  Град  —

Грб
Местоположбата на Заечар во Србија
Координати: 43°55′ СГШ 22°18′ ИГД / 
Земја  Србија
Округ Заечарски
Населени места 41
Управа
 • Градоначалник Велимир Огњановиќ
Површина
 • Општина 1.069 км2
Население (2011)
 • Град 43.860
 • Општина 59.461
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Поштенски број 19000
Повикувачки број +381 19
Таблици ZA
Портал zajecar.info

Заечар (српски: Зајечар), e град во источниот дел на Србија. Според пописот од 2011 градот има 59,461 жител. Заечар има повеќе основни и средни училишта, а исто така тука е отворен и првиот приватен универзитет во Србија - Мегатренд. Градот Заечар е широко препознатлив по најстариот европски рок фестивал Заечарска гитаријада кој постои повеќе од 47 години.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во заечарксата котлина каде кај местото наречено Саставак, Црни Тимок и Бели Тимок се сливаат во реката Велики Тимок. Градот е изграден на раскрсницата на магистраните патишта:

Историја[уреди | уреди извор]

Најстарите познати жители на овие краеви биле Трибалите, после нив на овие подрачја се споменуваат Мезите, во долината Тимок се спомнуваат уште и Тимахите, но за нив освен нивните имиња ништо не се знае. Населените Словени во овие краеви се нарекувале Тимочани. Заечар прв пат се спомнува во 1466. година во турски тефтер поврзан со населението на видинскиот пашалук, а од XVI - XVIII век има малку податоци за населението. Името е најверојатно со турско потекло. Во близина на градот се наоѓаат остатоци од римската царска палата од IV век п.н.е., Felix Romuliana, која е призната како светско културно наследство под заштита на УНЕСКО.

Религија[уреди | уреди извор]

Заечар е седиште на Тимочката Епархија на Српска православна црква, која се простира на целокупната територија на Заечарскиот и Борскиот округ. Градот има соборен храм посветен на Раѓањето на Пресвета Богородица.

Гитаријада[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Заечарска гитаријада.

Заечарска гитаријада е летен музички фестивал, ориентиран првенствено на рок музиката, која се одржува еднаш годишно. Програмата на фестивалот се состои од натпреварување на демо бендови и ревијални настапи на познати групи. Организаторите на Гитаријада тврдат дека, покрај тоа што фестивалот е најстар фестивал за рок музика во Европа, таа е и најголем фестивал за млади бендови во Југоисточна Европа. Првото издание се одржало во 1966 година, а до сега настапиле многу бендови како Визија, Пу, Леб и Сол, Цилиндер, Зијан, Парни Ваљак, Забрањено пушење, Uriah Heep, Elemental и многу други.

Залет[уреди | уреди извор]

Залет е фестивал на современи уметности кој се одржува секоја година, почнувајќи од 2005. година. Залет настанал од потребата да се иницираат, организираат и одржуваат културни случувања. Освен манифестациите како концерти, изложби, поезија итн. акцентот е ставен на иновативните и прогресивни видови на уметнички изразувања како што се перформанс, стрип уметност, видео-арт, концептуална уметност итн.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во Заечар живеат 32.337 полнолетни жители, а просечната старост на населението изнесува 40,2 години (39,3 кај машките и 41,1 кај жените). Во Заечар има 13.733 домаќинства, а просечниот број на членови по домаќинство е 2,88. Најмногу живеат Срби, Роми, Македонци, Црногорци итн.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]