Бачка Топола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бачка Топола
Bačka Topola
Topolya
Местоположба во Србија
Местоположба на Бачка Топола во Србија
Општи информации
Округ Северна Бачка
Површина 596 км²
Население
(2002 попис)
16,171 (во градот)
38,245 (во општината)
Населби 23
Координати 45°49′N, 19°38′E
Повикувачки број +381 24
Рег. таблички SU
Часовен појас CET (UTC+1)
CEST (UTC+2)
Веб-место http://www.btopola.co.yu
Политика
Градоначалник Атила Баби

Бачка Топола (српски: Бачка Топола/Bačka Topola, унгарски: Topolya) е град и општина во округот Северна Бачка во Војводина, Србија. На север општината се граничи со општината Суботица, на североисток со општината Сента, на исток со општината Ада, на југоисток со општината Бечеј, на југ со општината Мали Идош, на југозапад со општината Кула, а на запад со општината Сомбор.

Општината се состои од 23 населени места и има население од 38,179 жители, додека самиот град Бачка Топола има 16,154 жители. Националната структура на населението е следна: Унгарци - 59%, Срби - 30%, Црногорци - 1,4%, Русини - 0,8%, Словаци - 0,5%, останати - 8,3%

Низ општината проаѓа железничката пруга и автопатот Белград - Суботица - Будимпешта, како и сообраќајнците кои ги поврзуваат Сента, Сомбор, Бечеј и Бајмок, Бачка Паланка и Хоргош.