Западнобачки Округ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Западнобачки Округ
Zapadnobački okrug
Западнобачки округ
Округ во Србија
Градови и општини
Местоположба на Западнобачкиот Округ во Србија
Местоположба на Западнобачкиот Округ во Србија
Држава Србија
Автономва покраина Војводина
Управно средиштеСомбор
Управа
 • Градоначалник на округотЛатинка Васиљевиќ
Површина
 • Вкупно2,420 км2 (930 ми2)
Население (попис во 2011)
 • Вкупно188,087
 • Густина78/км2 (200/ми2)
ISO 3166RS-05
Општини3 и 1 град
Населби37
- Градови5
- Села32
Мреж. местоzapadnobacki.okrug.gov.rs

Западнобачки Округ (српски: Западнобачки округ, унгарски: Nyugat-bácskai körzet) — еден од седумте управни окрузи на автономната покраина Војводина, Србија. Се наоѓа во географскиот регион Бачка. Има население од 188.087 жители. Управно седиште на округот е градот Сомбор.

Име[уреди | уреди извор]

На српски, округот е познат како Западнобачки округ, на хрватски како Zapadnobački okrug, на буњевачки како Zapadnobački okrug, на унгарски како Nyugat-bácskai körzet, на словачки како Západnobáčsky okres, на русински Заходнобачки окрух и романски како Districtul Bacica de Vest.

Административна историја[уреди | уреди извор]

Во 9 век со областа владеел бугарско-словенскиот војвода Салан. Од 11 до 16 век, за време на владеењето на средновековното Кралство Унгарија, областа била поделена помеѓу Бодрошката, Бачката и Чонградската Жупанија. Во 1526-1527 година, областа била управувана од независниот српски владетел, царот Јован Ненад, додека за време на османлиската управа (16-17 век), била дел од Сегединскиот Санџак.

За време на владеењето на Хабсбурговците (18 век), областа била поделена помеѓу Бодрошката Жупанија, Бачката Жупанија и Воена Краина. Двете жупании биле споени во единствена Бачко-бодрошка Жупанија во 18 век. По укинувањето на делот Тиса - Муреш на Воена Краина во 1751 година, дел од таа територија исто така била вклучена во Бачко-бодрошката Жупанија. Во 1850-тите, областа претежно била дел од округот Сомбор, со некои делови во округот Нови Сад. По 1860 година, областа повторно била вклучена во Бачко-бодрошката Жупанија.

За време на кралската српско-хрватско-словенечка (југословенска) управа (1918-1941), областа била дел од округот Нови Сад (1918-1922), Бачката Област (1922-1929) и Дунавска Бановина (1929-1941).

За време на унгарско-германската окупација(1941-1944), областа била вклучена во Бачко-бодрошката Жупанија. Од 1944 година, областа била дел од автономната југословенска покраина Војводина (која била дел од новата социјалистичка република Србија од 1945 година). Денешните области на Србија (вклучувајќи го Западнобачкиот Округ) биле дефинирани со уредба на Владата на Србија од 29 јануари 1992 година.

Општини[уреди | уреди извор]

Предлошка:West Bačka District Labelled Map

Карта на Западнобачкиот Округ
Етничка карта (попис 2002)

Округот ги опфаќа општините:

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948200.465—    
1953207.941+3.7%
1961219.331+5.5%
1971220.671+0.6%
1981220.876+0.1%
1991215.916−2.2%
2002214.011−0.9%
2011188.087−12.1%

Според последниот официјален попис направен во 2011 година, Западнобачкиот Округ имал 188.087 жители.

Етнички групи[уреди | уреди извор]

Население на Западнобачкиот Округ по етничка група 2002–2011 година.
Етничко



група
попис 2002 година попис 2011 година
Број % Број %
Срби 134.644 62,92% 122.848 65,31%
Унгарци 21.825 10,2% 17.576 9,34%
Хрвати 12.960 6,06% 10.879 5,78%
Црногорци 9.182 4,29% 5.070 2,70%
Русини 5.535 2,59% 4.718 2,51%
Роми 1.941 0,91% 3.018 1,60%
Буњевци 2.806 1,31% 2.162 1,15%
Украинци 1.508 0,71% 1.344 0,71%
Романци 1.620 0,76% 1.340 0,71%
Југословени 6.870 3,21% 1.274 0,68%
Словаци 1.264 0,59% 1.096 0,58%
Вкупно 214.011 188.087

Култура[уреди | уреди извор]

Сомбор е град со богата културна традиција: Римокатоличката црква и францисканскиот манастир од 18 век, Куќата на Периш од почетокот на деветнаесеттиот век, иконостасот на големата и малата православна црква во Стапар се заштитени споменици регистрирани како културно наследство, кои сведочат за долгата историја на овој град.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]