Борски Округ

Координати: 44°5′N 22°6′E / 44.083° СГШ; 22.100° ИГД / 44.083; 22.100
Од Википедија — слободната енциклопедија
Борски Округ
Борски округ
Borski okrug
Округ во Србија
Слики од Борскиот Округ
Местоположба на Борскиот Округ во Србија
Местоположба на Борскиот Округ во Србија
Држава Србија
ОбластЈужна и Источна Србија
Административен центарБор
Управа
 • НачалникВладимир Станковиќ (од 2018)
Површина
 • Вкупно3,507 км2 (1,354 ми2)
Население (2011)
 • Вкупно123,848
 • Густина35,3/км2 (91/ми2)
ISO 3166RS-14
Општини4
- Населби90
Градови6
- Села84
Мреж. местоborski.okrug.gov.rs

Борски Округ (српски: Борски округ) — една од деветте административни области во Јужна и Источна Србија. Има население од 123.848 жители, според резултатите од пописот од 2011 година. Административен центар на Борскиот Округ е градот Бор, а судскиот, според традицијата, Неготин.

Историја[уреди | уреди извор]

Трибалите доминирале во областа пред римското освојување во 1 век пр.н.е. кое ги ослабнало и ги покорило палеобалканските племиња. Трибалите, трибалско-дакиско племе, биле поразени од римската војска под водство на Маркус Лициниј Крас, конзул од 30 година пр.н.е. Областа бил организирана во Мизија Инфериор во 87 година од н.е. од страна на императорот Домицијан.

Хеленистичкото религиозно влијание е потврдено преку археолошките наоди во Ровине и Тамнич каде што бил обожаван Херакле, релјеф на Зевс, Херакле и Дионис бил пронајден во Буково.[1]

Општини[уреди | уреди извор]

Округот го опфаќа градот Бор и три општини:

Началници на Борскиот Округ[уреди | уреди извор]

  • 1994-2001 Миливоје Илиќ
  • 2001-2007 Зорица Ѓериќ-Стојчиќ
  • 2007-2014 Синиша Пуљецовиќ
  • 2014-2018 Мирослав Кнежевиќ
  • 2018- Владимир Станковиќ

Демографија[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948144.049—    
1953151.973+5.5%
1961160.096+5.3%
1971175.848+9.8%
1981180.463+2.6%
1991178.718−1.0%
2002146.551−18.0%
2011124.992−14.7%

Според последниот официјален попис направен во 2011 година, Борскиот Округ имал 124.992 жители.

Етнички групи[уреди | уреди извор]

Етнички состав на Борскиот Округ:[2]

Етничка група Популација %
Срби 97.239 77,80%
Власи 13.313 10,65%
Роми 2.244 1,80%
Романци 791 0,63%
Македонци 600 0,48%
Црногорци 452 0,36%
Југословени 182 0,15%
Хрвати 179 0,14%
Албанци 152 0,12%
Бугари 149 0,12%
Муслимани 104 0,08%
Останати 9.587 7,67%
Вкупно 124.992

Економија[уреди | уреди извор]

Областа традиционално е енергетски ориентирана, бидејќи ги има хидроелектраните на Ѓердап: Железна порта I и Железна порта II, а исто така е богата со наоѓалишта на бакар и злато, особено во областите Бор и Мајданпек; исто така откриено е и сребро, но е ретко. Во областа работи гигантската рударска компанија Бор.

Култура[уреди | уреди извор]

Во околината на Бор се наоѓаат: замокот на принцот Александар од 1856 година, изграден во духот на романтизмот и Конакот на кнез Милош (во Брестовачка Бања, изграден во 19 век). Бор е познат како центар на најголемиот рудник за бакар во Европа, чија експлоатација започнала во 1904 година, но, според пронајдените документи, се користел уште во античко време. Во Борскиот Округ се наоѓа и најголемиот национален парк во Србија – Националниот парк Ѓердап, во чии рамки се наоѓа и многу важниот археолошки локалитет Лепенски Вир. Покрај Ѓердап, за светско културно наследство се предложени и неготинските кафеани. Оваа област во источна Србија е позната и по своето римско наследство. Недалеку од Кладово се остатоците од Трајановиот мост, кој илјада години важел за најголемиот мост во светот, како и остатоците од римската тврдина Дијана, додека недалеку од Неготин се остатоците од римската царска палата.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Pilipović, Sanja. „The Triad Zeus, Herakles and Dionysos: A Contribution to the Study of Ancient Cults in Upper Moesia“. CEEOL. Посетено на 5 April 2017.
  2. „Попис становништва, домаћинстава и станова 2011. у Републици Србији“ (PDF). stat.gov.rs. Republički zavod za statistiku. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 August 2014. Посетено на 13 јануари 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]