Орден на народен херој

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Орден на народен херој на Југославија, I класа

Орден на народен херојвоено одликување што се доделувало во СФР Југославија. Тоа се доделувало на поединци, воени единици, како и на политички и други организации за особени или херојски дела за време на војната и мирот. Најповеќе ордени се доделени на партизаните од Народноослободителната борба во текот на Втората светска војна. Доделени се вкупно 1.332 одликувања во СФР Југославија, а 17 се доделени на странски државјани.

Носителите на орденот уживале одредени привилегии како што се: бесплатно користење на јавниот сообраќај и пензии за членовите на семејството на починатите херои. Иако после распадот на СФРЈ привилегиите се значително намалени, сѐ уште државите создадени после распадот на СФРЈ на народните херои им даваат одредени бенефиции. Многу училишта и улици во повоена Југославија се именувани според имињата на народните херои, а многу од нив се задржале и во новосоздадените држави.

Статистики[уреди]

За повеќе информации види Список на народни херои и Список на народни херои одликувани за нивното учество во НОБ

Со орден народен херој одликувани се:

  • 1.322 борци и раководители на НОВЈ,
  • 19 странски државјани,
  • 27 воени единици и установи на НОВЈ,
  • 8 градови во СФР Југославија и
  • 4 организации

До 1957 година доделени се 1307 ордени во СФР Југославија, од што 1.220 на мажи и 87 на жени.

Според републиката во која се родиле (не по националност):

  • Босна и Херцеговина - 284
  • Хрватска - 282
  • Србија - 256
  • Црна Гора - 247
  • Словенија - 156
  • Македонија - 63
  • странство - 17

Според занимањето:

  • 506 работници
  • 207 селани
  • 404 интелектуалци
  • 78 поранешни членови на кралската југословенска војска
  • 73 чиновници
  • 39 други занимања
  • 5 непознато

Скоро сите добитници биле членови на Комунистичката партија на Југославија (некои од нив биле постхумно зачленувани во партијата), а 658 од одликованите биле членови на КПЈ пред Втората светска војна. Повеќето, 1.261, се придружиле на партизанското движење во текот на 1941 година; од 1942 имало 41 народен херој и пет од 1943 година.

Од народните херои кои загинале во текот на војната:

  • 624 загинале во борба
  • 104 извршиле самоубиство
  • 55 извршиле друг вид на самоубиство
  • 30 умреле од смртни рани
  • 20 убиени се во заробеништво
  • 13 се обесено
  • 12 се масакрирани
  • 4 умреле од болести
  • 3 се живи закопани
  • 3 се задавени
  • 1 е набиен на колец
  • 1 е испечен на ражен
  • 5 загинале во несреќни случаи

Градови-херои[уреди]

Воени единици и установи на НОВЈ[уреди]

Опшествено-политички организации[уреди]

Странски државјани носители на орденот[уреди]

Народни херои на Македонија[уреди]

Од вкупно доделени 1.307 одликувања на територијата на поранешна Југославија, на лица родени во денешна Република Македонија им се доделени 66 вакви одликувања. Од нив 44 загинале за време на војната.[1]

За народни херои се прогласени следните лица:

  1. Александар Урдаревски, роден 1920 година во с. Чучер, Скопје;
  2. Ангел Мојсовски, роден 1923 година во с. Ораовец, Велес;
  3. Атанас Забазноски, роден 1925 година во Прилеп;
  4. Бајрам Шабани, роден 1920 година во с. Липково, Куманово.
  5. Благој Јанков - Мучето, роден 1910 година во Струмица;
  6. Благој Страчковски, роден 1920 година во Велес;
  7. Блажо Тодоровски, роден 1902 година во с. Ресава, Кавадарци;
  8. Борка Велевски, роден 1912 година во Прилеп;
  9. Борка Талески, роден 1921 година во Прилеп;
  10. Борко Темелковски, роден 1919 година во Прилеп;
  11. Боро Менков, роден 1919 година во Куманово;
  12. Боро Петрушевски, роден 1920 година во Куманово;
  13. Вангел Нечевски, роден 1922 година во Битола;
  14. Вангел Тодоровски, роден 1920 година во Битола;
  15. Ванчо Прке, роден 1921 година во с. Серменин, Гевгелија;
  16. Васко Карангелевски, роден 1921 година во с. Брусник, Битола;
  17. Вера Ацева, родена во 1919 година во с. Ораовец, Прилеп;
  18. Вера Јоциќ, родена 1923 година во с. Сингелиќ, Скопје;
  19. Видое Смилевски, роден 1915 година во с. Никифорово, Гостивар;
  20. Ѓоре Дамески, роден 1922 година во Прилеп;
  21. Гоце Стојчевски, роден 1919 година во Тетово;
  22. Димче Мирчев, роден 1914 година во Велес;
  23. Елпида Караманди, родена 1920 година во Лерин, Егејска Македонија;
  24. Злате Билјановски, роден 1920 година во с. Пуста Река, Крушево;
  25. Злате Михајловски, роден 1926 година во с. Богдево, Гостивар;
  26. Ибе Паликуќа, родена 1927 година во Дебар;
  27. Илија Јовановски, роден 1921 година во с. Топлица, Прилеп;
  28. Јордан Николов, роден 1916 година во Скопје;
  29. Јордан Чопела, роден 1912 година во Варош, Прилеп;
  30. Јосиф Јосифовски, роден 1914 година во Гевгелија;
  31. Кире Гаврилоски, роден 1918 година во Прилеп;
  32. Кирил Михајловски, роден 1916 година во с. Виница, Кочани (денес град Виница);
  33. Киро Атанасовски, роден 1923 година во Кавадарци;
  34. Киро Нацев, роден 1918 година во Куманово;
  35. Крсте Црвенковски, роден 1921 година во Прилеп;
  36. Круме Волнаровски, роден 1909 година во Прилеп;
  37. Кузман Јосифовски - Питу, роден 1915 година во Прилеп;
  38. Лазар Колишевски, роден 1914 година во Свети Николе;
  39. Лазо Колевски, роден 1918 година во с. Мрзен-Ораовец, Кавадарци;
  40. Лиман Каба, роден 1924 година во Дебар;
  41. Љупчо Арсов, роден 1910 година во Штип;
  42. Манчу Матак, роден 1920 година во Крушево;
  43. Мара Нацева, родена 1920 година во Куманово;
  44. Мирко Милевски, роден 1923 година во с. Поповец, Кичево;
  45. Мирче Ацев, роден 1915 година во с. Ореовец, Прилеп;
  46. Мите Богоевски, роден 1919 во с. Болно, Ресен;
  47. Михајло Апостолски, роден 1906 година во Штип;
  48. Михо Михајловски, роден 1915 година во Кичево;
  49. Наум Наумовски, роден. 1920 година во Крушево;
  50. Овадија Естреја, родена 1921 година во Битола;
  51. Панче Попоски, роден 1924 година во Гостивар;
  52. Перо Георгиевски, роден 1918 година, Куманово;
  53. Петар Божиновски, роден 1920 година во Битола;
  54. Раде Јовчевски, роден 1919 година во Скопје;
  55. Рампо Левков, роден 1909 година во Прилеп;
  56. Славчо Стоименски, роден 1921 година во Штип;
  57. Стеван Наумов - Стив, роден 1920 година во Битола;
  58. Страхил Гигов, роден 1909 година во Велес;
  59. Страшо Пинџур, роден 1915 година во с. Ваташа, Кавадарци.
  60. Тихомир Милошевски, роден 1915 година во с. Битуше, Дебар;
  61. Тодор Циповски, роден 1920 година во Тетово;
  62. Трајко Стојковски, роден 1923 година во Куманово;
  63. Фана Кочовска - Цветковиќ, родена 1927 година во с. Лавци, Битола;
  64. Христијан Тодоровски, роден 1921 година во Куманово;
  65. Цветан Димов, роден 1909 година во Скопје;
  66. Чеде Филиповски, роден 1923 година во с. Никифорово, Гостивар;

Најмногу народни херои - 14 има од Прилеп и Прилепско, 8 од Куманово и Кумановско, 7 од Битола и Битолско, 5 од Скопје итн. Фана Кочовска-Цветковиќ, која почина во 2004 година, беше најмладиот народен херој на Југославија. Од народните херои се уште се живи: Мара Нацева, Ванѓел Нечевски и Атанас Забазановски.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]