Марија Калас

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Марија Калас како Виолета во Вердиевата Травијата во легендарната продукција на Ла Скала од 1955 година

Марија Калас (англиски: Maria Callas, грчки: Μαρία Κάλλας) (2 декември 1923, Њујорк16 септември 1977, Париз) била американско-грчки сопран, една од најпопуларните и најконтроверзните оперски пејачки на сите времиња. Својот успех го должи на неверојатните гласовни можности, моделирани по најсуштествените принципи на белкантото, но и на исклучителните интерпретациски и артистички способности со кои доминира на сцената. Нејзиниот репертоар се протегал од улоги од драмскиот Вагнеров фах, преку комплексните ликови на хероините од оперите на Верди и Џакомо Пучини, па сѐ до исклучителните колоратурни партии од композиторите на белкантото, Винченцо Белини и Гаетано Доницети, чии неколку опери самата лично ги „ископува од правта“ на театарските архиви и ги вцврстува во стандарниот оперски репертоар. Исклучително чудлива личност, полна со испади и скандали; врската со Аристотел Оназис, како и можното ривалство со Рената Тебалди, допринесува медиумите сето тоа да го пренагласат и да влијаат врз текот на нејзиниот живот. Сепак, денеска таа претставува синоним за оперска дива, име кое има оставено неизбришлива трага врз оперската уметност.


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици