Филип V (Шпанија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Филип V од Шпанија
Крал на Шпанија
[[File:Felipe V; Rey de España.jpg|frameless|alt=]]
Владеење 1 ноември 1700 – 14 јануари 1724
Почивалиште La Granja, Сеговиа, Шпанија
Претходник Карлос II
Наследник Луис I
Придружник на Марија Лујза Савојска
Елизабет од Парма
Деца Луис I
Фердинанд VI
Карлос III
Маријана Викторија
Филип I од Парма
Марија Тереза Рафаела Бурбонска
Лудвик Антони Бурбонски
Марија Антоанета од Шпанија
Татко Лудвик Бурбонски
Мајка Ана Марија Баварска

Филип V од Шпанија бил француски и крал на Шпанија, прв претставник од Бурбонската династија во Шпанија кој се качил на тронот.

Филип е роден во градот Версај на 19 декември 1683 година. тој е вториот син на францускиот дофен Луј Бурбонски и Марија Ана Баварска. По таткова линија, тој е внук на Луј XIV и Марија Тереза. Европските држави жестоко се спротиставиле на објавувањето на Филип за крал на Шпанија по смртта на Карлос II од Шпанија по што започнала т.н. Војна за шпанското наследство која траела тринаесет години и завршила со договорот од Утрехт во 1713 и Раштат во 1714 година. Со војната, Филип бил признат за крал на Шпанија од другите европски држави но Шпанија ги загубила Менорка, Гибралтар, Шпанските Ниски Земји, Неапол, Милано, Сардинија и Сицилија.