Изабела II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Изабела II од Шпанија
Крал на Шпанија
[[File:IsabellaII.png|frameless|alt=]]
Владеење 29 септември 1833–30 септември 1868
Почивалиште , Мадрид,Ел Ескоријал, Шпанија
Претходник Фернандо VII од Шпанија
Наследник Амадеј I од Шпанија
Придружник на Francis, Duke of Cádiz
Деца Изабела Шпанска, принцеза на Астурија
Алфонсо XII од Шпанија
Марија де ла Паз Шпанска
Еуалија Шпанска
Татко Фернандо VII од Шпанија
Мајка Марија Кристина

Изабела II била првата жена која станала кралица на Шпанија, доколку не се бројат жените кои го носиле тронот во Кралство Арагон и Кралство Кастилија, пред да биде објавено обединувањето на Шпанија. Изабела е родена во Мадрид на 10 октомври 1830 година. Таа е најголемата ќерка на кралот Фернандо VII од Шпанија и неговата четврта сопруга Марија Кристина. Изабела за кралица била прогласена на 29 септември 1833 година. Бидејќи била малолетна, од нејзино име управувала нејзината мајка Марија Кристина.

На тронот застанала кога нејзиниот татко успеал да ги убеди Кортесите да го сменат Саличкиот закон којшто бил воведен во Шпанија во 18 век од страна на Бурбонската династија и да се врати стариот закон според кој н а престолот може да застане и жена. По смртта на татко ѝ, тронот на Изабела бил оспоруван од страна на нејзиниот чичко дон Карлос кој сметал дека Фернандо незаконско го вратил стариот закон во употреба. Така, Дон Карлос решил да употреби сила кое довело до т.н. Карлистки војни. И покрај тоа што Дон Карлос имал голема подршка од Римокатоличката црква и конзервативните опции во Шпанија, Изабела успеала да го задржи тронот благодарејќи на шпанската армија и нејзината мајка.

Во 1843 година, принцот Вергара бил отстранет преку државен преврат на чело сп генералите Доналд и Нерваез кои формирале нова влада раководена од Јоаким Марија Лопез. Неговата влада ги принудиле Кортесите да ја признаат тринаесетгодишната Изабела за кралица. така, по три години благородниците од Кастилја ја признале Изабела за своја кралица.

На 10 октомври 1846 година Изабела се омажила за Франсиско де Асизи де Бурбон. Управувањето на Изабела било проследено како период на интриги во кралскиот двор, надворешни влијанија, воени преврати. Во 1859 година започнала Шпанско-Мароканската војна која завршила со договор според кој Мароко била принудена да и отстапи територии на Шпанија. Овој успех е еден од малкуте кои ги постигнала Изабела ако се има предвид неуспешните војни со Чиле и Перу од 1864 до 1866 година, по кое настапил периодот на конечното распаѓање на Шпанската империја во Америка. Во 1868 година започнала војната за независност на Куба и Порто Рико, кое доведува до повторно разочарување на шпанскиот народ.

Во септември 1868 година избувнала револуција предводена од страна на либералните и републиканските сили. Во битката, позициите на шпанската војска доживеала пораз којшто пораз ја принудила Изабела II да абдицира во Франција. Во Париз таа била принудена да се откаже од престолот и на 25 јуни абдицирала во корист на синот Алфонсо XII од Шпанија, преку кое се дало знак за повторна реставрација на Бурбонската династија во Шпанија. Во 1874 година Алфонсо се вратил во Шпанија и го зазел официјално тронот.

Во Франција, Изабела се разделила од нејзиниот сопруг, и било дозволено да го посетува синот си во Шпанија но не и да се врати во дворецот. Така, таа во Париз се задржува до крајот на нејзиниот живот кој завршил на 10 април 1904 година.