Хуан Карлос I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хуан Карлос I од Шпанија
Крал на Шпанија
На престол22 ноември 1975 – до денес
Крунисување27 ноември 1975
ПретходникАлфонсо XIII
НаследникФилип VI
СопружникСофија
ДецаИнфанта Елена од Шпанија
Инфанта Кристина од Шпанија
Филип
ДинастијаБурбонска династија[1][2]
ТаткоИнфант Хуан, гроф на Барселона
МајкаПринцеза Марија Мерседес Бурбонска
ВероисповедРимокатоличка

Хуан Карлос I бил крал на Шпанија од 1975 до 2014 година.

Хуан Карлос е роден во Рим, Италија на 5 јануари 1938 година, во време кога неговото семејство било прогонето од Франциско Франко. Во 1948 година, генералот Франко го повикал Дон Хуан да го премести Хуан Карос во Шпанија и да го “воспита“ како иден крал на Шпанија. Истата година, тој за првпат стапнал на шпанска територија. кога Шпанија била прогласена за кралство, а Хуан Карлос за престолонаследник.

На 22 ноември 1975 година, Хуан Карлос станал крал на Шпанија, а престолот го наследил од дедо си Алфонсо XIII од Шпанија. Притоа, тој станал првиот шпански крал по пауза од 44 години, откако за време на граѓанската војна во Шпанија била укината монархијата. Татко му, дон Карлос се откажал од престолот во негова корист. Според новиот устав од 1978 година, кралот на Шпанија добил многу поголеми должности, за разлика од другите монархии во Европа. Хуан Карлос станал главен командант на вооружените сили и има големо влијание во политичкиот живот на Шпанија. Хуан Карлос имал голема улога во развојот на парламентарната демократија во Шпанија, а неговата популарност особено се зголемила во 1981 година, кога успешно се справил со обидот за воен удар.[4]

Хуан Карлос се оженил за Софија Грчка. Новата кралица за мал период го научила шпанскиот јазик, и родила три деца: принцезите Елена и Кристина и принцот Фелипе.

Абдикација[уреди | уреди извор]

На 2 јуни 2014 година, премиерот на Шпанија, Марио Рахој, прогласил дека, по речиси 40 години минати на престолот, кралот Хуан Карлос решил да абдицира, поради лични причини, и дека ќе го наследи принцот Фелипе.[5][6] По објавувањето на веста за абдикацијата на Хуан Карлос, шпанската влада одржала вонреден состанок на кој биле разгледани уставните мерки потребни за наследувањето на престолот, бидејќи шпанскиот устав не пропишува никаква процедура за абдикација на кралот и за наследување на круната. Истовремено, на централниот плоштад во Мадрид, Пуерта дел сол, како и во другите шпански градови се собрале неколку илјади демонстранти, кои барале укинување на монархијата. Инаку, неколку години пред абдикацијата, угледот на кралот Хуан Карлос бил сериозно разнишан поради неколкуте скандали во кои биле вклучени членовите на неговото семејство: Така, против неговиот зет, Инаки Урдангарин била отворена истрага поради злоупотреба на државни пари.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.casareal.es/sm_rey/index-iden-idweb.html
  2. The English language version of the Official Royal Family website is rendered as Borbon, while in Spanish it is Borbón
  3. [1] Ian Crofton, Brewer's Cabinet of Curiosities.
  4. "Од миленик до презрен", Дневник, година XVIII, број 5482, среда, 4 јуни 2014, стр. 15.
  5. King Juan Carlos of Spain abdicating, 2 June 2014, BBC
  6. "Шпанскиот крал Хуан Карлос ќе абдицира", Дневник, година XVIII, број 5481, вторник, 3 јуни 2014, стр. 14.
  7. "Фелипе пречекан со барање за референдум за република", Дневник, година XVIII, број 5482, среда, 4 јуни 2014, стр. 14-15.