Амадеј I (Шпанија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Амадеј I од Шпанија
Крал на Шпанија
[[File:Amadeo I of Spain.png|frameless|alt=]]
Владеење 16 ноември 1870 – 11 февруари 1873
Претходник Изабела II од Шпанија
Наследник создадена Прва шпанска република
Придружник на Марија-Виторија дел Позо
Марија Летиција Бонапарт
Деца Емануел Филиберто од Аоста
Викторија Емануела од Торино
Луиџи Амадео
Татко Виктор Емануел II од Италија
Мајка Марија Аделаида од Австрија

Амадеј I Савојски бил крал на Шпанија во периодот од 1870 до 1873 година. Роден е на 30 мај 1845 година во Торино, Италија. Тој е син на Виктор Емануел II, крал на Пиемонт и Сардинија, а по касно и крал на Обединена Италија, и на Марија-Аделаида Австриска.

На 30 мај 1867 година се оженил за Марија-Виторија дел Позо. Неговиот татко во почетокот не го признавал бракот поради фактот што Марија Виторија не потекнувала од кралско семејство. Со неа, Амадеј имал три деца. Во 1870 година Марија Викторија го замолола кралот да разговара со Амадеј околу неговите изневери, но тој сметал дека таа немала право да се меша во одлуките на Амадеј.

Во времето кога во Шпанија избувнала т.н. Славна револуција во 1868 година, револуцијата ги принудила Изабела II Шпанска и нејзиното семејство да ја напуштат Шпанија. Новите шпански Кортеси решиле дека идната монархија треба да биде создадена од страна на нова династија. На 16 ноември тие го избрале Амадеј или Амадео. Така, официјално на 2 јануари 1871 година Амадеј станал крал на Шпанија. Шпанија новиот крал ја наследил во голем хаос. Единствено на којшто можел да смета биле прогресивните партии. Во 1872 година во Баскија и Каталонија избувнале востанија. Генералите го советувале на кралот да ги казни главните лидери на бунтовите, но тој издал декрет против артилеријата. По ова тој на 11 февруари 1873 година абдицирал од престолот. Истата вечер, Шпанија била објавена за република.

Амадеј се вратил во Италија каде повторно ја зазел функцијата херцог на Аоста. Починал на 16 јануари 1880 година во Торино.