Лазар Мојсов
Д-р Лазар Мојсов (19 декември 1920, Неготино - 25 август 2011, Белград[1]) беше македонски и југословенски политичар и дипломат.
Докторирал на Правниот факултет во Универзитетот во Белград. Учествувал во Втората Светска војна како партизан и продолжил да се издига како функционер во КПЈ по 1945. Бил главен правозастапник за Социјалистичка Република Македонија од 1948 до 1951. За време на следните две декади, бил пратеник во собранијата на СРМ и СФРЈ.
Во меѓувреме, Мојсов започнал дипломатска кариера како југословенски амбасадор во СССР и Монголија од 1958 до 1961 и Австрија од 1967 до 1969. Од 1969 до 1974 служел како југословенски амбасадор во Обединетите Нации, Гвајана и Јамајка.
Од 1974 до 1982 бил заменик министер за надворешни работи на Југославија, а од 1977 до 1978 бил претседател на Генералното Собрание на Обединетите Нации. Од 1980 до 1981, бил претседавач на Президиумот на Централниот Комитет на Сојузот на комунистите на Југославија, а од мај 1982 до мај 1984 бил министер за надворешни работи. Од 1984 до 1989 членувал во заедничкото претседателство на Југославија каде бил претседател од 1987 до 1988.
Мојсов пишувал и предавал на тема меѓународни односи. Негова најнова книга е „Мемоарски записи средби, луѓе, настани. Кн. 1, Советски и американски лидери во соработка и конфронтација: (од Хрушчов до Елцин и од Никсон до Клинтон)“ од 2006 година.
Лазар Мојсов почина во Белград на 25 август 2011, на 90-годишна возраст. Погребан е во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во градот.[2]
Наводи [уреди]
- ↑ Почина Лазар Мојсов, Телма, 25 август 2011
- ↑ Лазар Мојсов погребан во Алејата на заслужни граѓани во Белград, МакФакс, 25 август 2011
Надворешни врски [уреди]
| Претходник Хамилтон Ширли Амерасинге |
Претседател на Генералното Собрание на Обединетите Нации 1977–1978 |
Наследник Индалесио Лиевано |
| Претседатели на Социјалистичка Федеративна Република Југославија | ||
|---|---|---|
| Рибар | Броз | Колишевски | Мијатовиќ | Крајгер | Стамболиќ | Шпиљак | Ѓурановиќ | Влајковиќ | Хасани | Мојсов | Диздаревиќ | Дрновшек | Јовиќ | Месиќ | ||
- Родени на 19 декември 1920
- Родени во декември 1920
- Родени во 1920 година
- Родени во Неготино
- Починати на 25 август 2011
- Починати во август 2011
- Починати во 2011 година
- Починати во Белград
- Никулци за македонски политичари
- Македонски политичари
- Личности од Втората Светска војна
- Југословенски политичари
- Претседатели на Генералното Собрание на Обединетите Нации
- Делегати на Првото заседание на АСНОМ
- Неготинчани

