Александар Сариевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Александар Сариевски

Александар Сариевски во изведба
Биографски податоци
Роден(а) 20 јуни 1922(1922-06-20)
Галичник, Македонија
Починал(а) 19 декември 2002(2002-12-19) (на 80 год.)
Скопје, Македонија
Жанрови народна музика
Занимања текстописец
Инструменти пејач
Период на активност 1946–2002
Соработници Танец
Грамофонска плоча „Македонски песни“ на Сариевски

Александар Сариевски (20 јуни 1922 - 19 декември 2002) бил македонски пејач на македонска народна музика и композитор на новосоздадени фолклорни песни.

Биографија[уреди]

Сариевски е роден во Галичник, асредното образование го завршил во Скопје, кога и започнал да свири хармоника. Во 1946 г. во Македонското радио ја снимил песната „А бре невесто око калешо“. Исто така, Сариевски е еден од основачите на ансамблот „Танец“.


Сариевски починал на 19 декември 2002 година. Притоа, по повод смртта на Сариевски, телеграма со изрази на искрено сочуство до неговото семејство упатил и министерот за култура Благој Стефановски во која истакнал дека „со смртта на овој доајен замина човекот, кој низ звукот на тапанот во „Тешкото“, низ народната песна, низ целиот свој живот од Галичник до легендата ја опеваше душата и битот на македонскиот народ“.[1] [2]

Творештво[уреди]

Сариевски е композитор и текстописец на познатата песна „Зајди, зајди јасно сонце“. Во своите песни, тој ги опеал родниот Галичник, невозвратената љубов, печалбарството, а познат е и по многуте хумористични песни. Неговиот музички опус претставува дел од македонското културно богатство. Исто така, Сариевски е еден од основачите на ансамблот „Танец“ со кој постојано патувал низ светот, ширејќи го оригиналниот македонски народен мелос.


Сариевски е најмногу запаметен по интерпретацијата на следниве песни:


Исто така, тој компонирал и поголем број песни, како:

  • Врати ни се мило чедо[3]
  • Зајди, зајди, јасно сонце[4]

Дискографија[уреди]

Сариевски ги снимил следниве плочи:

  • Aleksandar Sarievski, PGP RTB, EP 12703

Наводи[уреди]

  1. Почина Александар Сариевски, Дневник, петок, 20 декември 2002, стр. 1.
  2. Александар Сариевски, А1 Вести, 2002.
  3. Duetот Kuculova-Andreevski, RTB, EP 12 712.
  4. Aleksandar Sarievski, PGP RTB, EP 12703.