Тешкото

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Споменик „Тешкото“ во центарот на Скопје

Тешкотооро кое се смета за едно од најубавите и најтешките македонски ора. За него е многу напишано и многу зборувано бидејќи представува важно дело на македонскиот музички фолклор. Географски како и носиите во кои се игра потекнува од областа Галичник во Северозападна Македонија, на планината Бистра.[1]

Во основа потекнува од моментите кога печалбарите заминувале на печалба. Го играле на крајот од селото, на местото каде се разделувале со најблиските пред да се впуштат на патот кон непознатата исцрпувачка работа во туѓина. Но со тек на време прераснува во химна не само на печалбарството туку и на сета тежина и горчина собрана во Македонските души низ безбројните векови робување.

Орото претставувало инспирација за многу уметници како за поетот Блаже Конески со поемата Тешкото така и за композиторот Тодор Скаловски со хорската композиција Македонско оро.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Пановски, Доне (1967). „Вреднувања“. Мисла.