Јапонски јен
| Јапонски јен | |||
|
|||
| ISO 4217 код | JPY (¥) | ||
|---|---|---|---|
| Корисник | |||
| Инфлација | 0.0% Feb. 2011 | ||
| Извор | The Statistics Bureau and the Director-General for Policy Planning, 2010 Feb. est. | ||
| Подвалута | |||
| 1/100 | sen | ||
| 1/1000 | rin | ||
| Монети | ¥1, ¥5, ¥10, ¥50, ¥100, ¥500 | ||
| Банкноти | ¥1000, ¥2000, ¥5000, ¥10000 | ||
| Централна банка | Bank of Japan | ||
| Мреж. место | www.boj.or.jp | ||
| Печати | National Printing Bureau | ||
| Мреж. место | www.npb.go.jp | ||
| Ковница | Japan Mint | ||
| Мреж. место | www.mint.go.jp | ||
Јен (ISO 4217: JPY, нумерички код: 392) е валута што се користи во Јапонија. Таа е широко распространета како резервна валута, слично на доларот и еврото. На јапонски се изговара како „ен“. Латиничниот симбол за јенот е ¥, додека на јапонски се означува со писмото канџи 円.
Содржина |
Историја [уреди]
Јенот како платежно средство е воведен во Меиџи периодот[1]. Тој го заменил комплексниот монетарен систем од Едо периодот базиран на јапонскиот мон. Во 1871 год. било прифатен децималнен систем на пресметување на јенот (1, 圓), шенот (1/100, 錢), и ринот (1/1000, 厘) со монети што биле тркалезни како оние на запад. (“Шен“ и “рин“ се исфрлени од употреба во 1954 година). Јенот официјално е дефиниран како 26.956 грама сребро.
Во периодот од 25 април 1949 до 1971 година јенот бил врзан за американскиот долар, со курс 1 долар = 360 јени. Во 1971 година дошло до паѓање на системот Бретон Вуд и јенот добил пазарен курс.
Означување [уреди]
Оргиналната ознака за јенот е иста како и ознаката на кинескиот јуан (圓 пинјин yuan 2). Во модерниот јапонски јазик се употребува ознаката (円). Латиничната ознака за јенот е иста како и ознаката за јуанот, со таа разлика што на ознаката за јуан се наоѓа една попречна црта, а на ознаката за јен има две.
Во буквален превод “јен“ значи „тркалезен предмет“, како и “јуан“ на кинески.
Монети и банкноти [уреди]
Во моментот во оптек се следните монети и банкноти: монети од 1 јен, 5 јени, 10 јени, 50 јени, 100 јени, 500 јени и хартиени пари од 1000 јени, 2000 јени, 5000 јени, 10000 јени. Монетата од 500 јени е монета со најголема вредност во светот.
Курс на јенот од 1949 година до денес [уреди]
Табелаtа го прикажува односот на јенот и американскиот долар.
| година | месец | |||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| јан | фев | мар | апр | мај | јун | јул | авг | сеп | окт | ное | дек | |
| 1949 до 1971 | 360 | |||||||||||
| 1985 | 216 | |||||||||||
| 1986 | 154 | |||||||||||
| 1987 | 147 | |||||||||||
| 1988 | 132 | |||||||||||
| 1989 | 140 | |||||||||||
| 1990 | 137 | |||||||||||
| 1991 | 129 | |||||||||||
| 1992 | 120 | |||||||||||
| 1993 | 106 | |||||||||||
| 1994 | 100 | |||||||||||
| 1995 | 100 | |||||||||||
| 1996 | 112 | |||||||||||
| 2003 | 118 | 119 | 120 | 117 | 110 | 109 | 107 | |||||
| 2004 | 107 | 106 | 109 | 104 | 110 | 110 | 109 | 111 | 109 | |||
Наводи [уреди]
- ↑ History of Japanese Currency, Currency Museum, Bank of Japan
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Јапонски јен“ |

