Историја на Јапонија
|
|
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Историјата на Јапонија ја опфаќа историјата на островите на Јапонија и јапонскиот народ, која се протега од античката историја на регионот до модерната историја на Јапонија како држава. По последното ледено доба, околу 12.000 год. п.н.е., богатиот екосистем на Јапонскиот архипелаг создаl услови за човечкиот развој. Најраните познати керамички предмети припаѓаат на периодот Џомон. Првиот познат запис за Јапонија е кратка информација дадена во Дваесет и четири истории во 1 век од н.е. Главните културни и религиозни влијанија дошле од Кина. Првиот постојан главен град е основан во Нара во 710 од н.е., кој станал центар на будистичка уметност, религија и култура. Денешното кралското семејство се појави во околу 700 год. од н.е., но до 1868 год. (со неколку исклучоци) имало висок углед, но малку моќ. До околу 1550 год. политичката моќ била поделена на неколку стотици локални единици, или "домени" контролирана од страна на локалните господари (дамјо), секој со своја војска од воини-самураи. Токугава Иејасу дошол на власт во 1600 год., го дал земјиштето на неговите приврзаници, поставил своја воената власт (бакуфу) на Едо (денешно Токио). Периодот Токугава бил просперитетен и мирен, но Јапонија намерно ги прекинала христијанските мисии и ги прекинала речиси сите контакти со надворешниот свет. Во 1860 год. започнал периодот Меиџи и новото национално раководство систематски ставило крај на феудализмот и ја трансформирало изолираната, неразвиена островска земја во светска сила што ги внимателно ги следеше западните модели. Демократијата била проблематична, бидејќи моќната армија на Јапонија била полунезависна и отфрлала или убивала цивили во 20-тите и 30-тите години од минатиот век. Војската се премести во Кина на почеток од 1931 год., но беше поразена во Војната на Пацификот од страна на САД и Велика Британија. Окупирана од страна на САД по војната и лишена од своите освојувања, Јапонија беше трансформиран во мирна и демократска нација. По 1950 год. таа ужива многу високи стапки на економски раст и стана светски економски центар, особено во полето на автомобили и електроника. Од 90-тите години на минатиот век економска стагнација стана голем проблем, со земјотрес и цунами во 2011 год. што предизвикаа големи економски дислокации.
[уреди] Јапонска праисторија
[уреди] Палеолит
Јапонскиот палеолит опфаќа подолг период почнувајќи уште од 50.000 п.н.е., а завршува некаде околу 12.000 п.н.е., на крајот на последното ледено доба. Артефакти за кои се тврди дека се постари од околу 38.000 год. п.н.е. не се општо прифатени, а повеќето историчари затоа веруваат дека Јапонскиот палеолит започнал по 38.000 год. п.н.е.
Јапонскиот архипелаг се одделил од континентот по последното ледено доба, во околу 11.000 год. п.н.е.. По откривањето на измамата на аматерот-истражувач, Шиничи Фуџимура, доказите од раниот и средниот палеолит пријавени од страна на Фуџимура и неговите соработници се одбиени по темелно преиспитување.
Како резултат на измамата, сега само некои докази од доцниот палеолит (кои не се поврзани со Фуџимура) може да се смета дека се основани.
[уреди] Древна Јапонија
[уреди] Периодот Џомон
Периодот Џомон траел од околу 14.000 до 300 год. п.н.е. Првите знаци на цивилизација и стабилни животни модели се појавиле околу 14.000 год. п.н.е. со културата на Џомон, карактеризирана со мезолитски до неолитски полуседентарен начин на живот на ловење и собирање со дрвени наколни куќи и живеалишта во јами и примитивна форма на земјоделството.
Ткаењето сеуште не било познато во тоа време и облеката често се изработувала од крзно. Луѓето од периодот Џомон почнале да прават глинени садови, украсени со шари направени со втиснување во влажната глина на исплетени и неисплетени врвки и стапчиња. Со радиојаглеродно датирање се покажало дека некои од најстарите зачувани примери од керамика во светот може да се најдат во Јапонија заедно со ками, жад, чешли направени од школки и разни други предмети за домаќинството кои датираат од 11-ти милениум пред нашата ера.
Воедно, во Перидичната табела на историјата на уметноста на Музејот за уметност Метрополитан стои дека „тестирање со јаглерод-14 на најраните познати парчиња дадоа датумот на изработка околу 10.500 год. п.н.е., но затоа што овој датум е надвор од познатата хронологија на развој на керамика на други места во светот, толку ран датум не е општо прифатен.
Калибрирани радиојаглеродни мерења на карбонизиран материјал од керамички артефакти: во пештерата Фукуи материјалот е датиран пред 12500 ± 350 и пред 12500 ± 500 (Камаки и Серизава, 1967), во каменото засолниште Камикуроива, Шикоку материјалот е датиран пред 12 165 ± 350 год., иако специфичното датирање е спорно. Глинените фигури познати како “догу“ биле исто така ископани. Предметите за домаќинство укажуваат дека трговски патишта постоеле до места оддалечени колку Окинава. ДНК анализа укажува на тоа дека Аину, автохтон народ кој живее на Хокаидо и северниот дел на Хоншу, потекнуваат од периодот Џомон и на тој начин претставуваат потомци на првите жители на Јапонија.
[уреди] Периодот Јајои
Периодот Јајои траел од околу 400 или 300 год. п.н.е. до 250 од од н.е. Овој период следел по Периодот Џомон и целосно го заменил. Именуван е по градот Јајои, кој се наоѓа во Бункјо, Токио, каде што археолошките истражувања довеле до првите признати траги за периодот.
Почетокот на Периодот Јајои го означил појавувањето на нови активности, како што се ткаењето, одгледувањето ориз, шаманизмот и изработка на железо и бронза. Бронзата и железото се појавиле истовремено во Јајои Јапонија. Железото главно се користело за земјоделски и други алатки, додека пак ритуални и церемонијални артефакти главно биле изработени од бронза. Леење на бронза и железо до одредна мера, започнало во Јапонија од околу 100 год. п.н.е., но суровини и за двата метали дошле од азискиот континент.
Јапонија прв пат се појавила во писмената евиденција во 57 год. од н.е. со следново спомененување во кинеската Книга за подоцнежниот народ Хан: "Преку океанот од Леланг (историска кинеска командерија или префектура) е народот Ва. Формиран од повеќе од сто племиња, тие доаѓаат и често ни оддаваат почит." Книгата исто така споменува дека Суишо, кралот на Ва, подарил робови на императорот Ан од Хан во 107 год. Сангуо Џи (Записите за трите кралства), напишан уште во 3. век, истакнува дека земјата е создадена со обединување на околу 30 мали племиња или држави и е управувана од страна на кралица-шаман по име Химико од Јаматаикоку.
За време на династиите Хан и Веи, кинески патниците кои оделе во Кјушу пишувале за неговите жители и тврделе дека тие се потомци на Големиот гроф (Tàibó) на Ву. Жителите исто така, покажувале особини на леѓето Ву пред кинеското влијание, како што се тетовирање, вадење заби и носење на бебињата. Во Сангуо Џи евидентирани се физички описи кои се слични на оние на “ханива“ статуите, како што се мажи со коса во плетенка и со тетоважи и жени кои носат широка едноделна облека.
Локацијата Јошиногари во Кјушу е најпознатиот археолошкиот локалитет од периодот Јајои и открива голем населба која била населена неколку стотици години. Археолошките ископувања покажаа дека најстарите делови се од околу 400 год. п.н.е. Се чини дека жителите често комуницирале со континентот со кој имале трговки односи. Денес, некои реконструирани градби се во паркот на археолошкиот локалитет.
[уреди] Периодот Кофун
Периодот Кофун започнал околу 250 год од н.е. и името го добил според големите могили (kofun) кои почнале да се појавуваат во тоа време.
Периодот Кофун ("Кофун-Џидаи") забележал воспоставувањето на силни воени држави, секоја од нив центрирана околу моќни кланови (или зоку). Формирањето на доминантна Јамато политика било фокусирано во провинциите Јамато и Кавачи од 3. век од н.е. до 7. век за создавање на потеклото на јапонската царска лоза. Така државата, со потиснување на клановите и со здобивање со земјоделско земјиште, вршела силно влијание во западниот дел на Јапонија.
Јапонија почнала да праќа дарови за Кинеската империја во 5. век. Во записите на кинеската историја, дравата била наречена Ва и нејзините пет цареви биле запишани. Врз основа на кинескиот модел, тие развиле централната администрација и систем на царски двор, а општеството се организирало во различни групи според занимањето. Блиски односи помеѓу трите кралства на Кореја и Јапонија се развиле на средината на овој период, кон крајот на 4. век.
[уреди] Класична Јапонија
[уреди] Периодот Асука
Во периодот Асука (538-710 год.), протојапонската Јамато држава постепено станала видливо централизирана и дефинирала и применувала законик, како на пример Реформите Таика и Законикот Таихо. Исто така, во текот на истиот период, Јапонците развивиле силни економски врски со народот Пекче или Бекџе, кои живееле на југозападниот брег на Корејскиот Полуостров. Добрите односи со народот Бекџе започнале во 391 год., кога јапонска експедиција го спасила Кралот на Бекџе и народот од нивниот традиционален непријател, народот Когурјо, што живеел во северниот дел на Корејскиот Полуостров.
Всушност, будизмот навлегол во Јапонија во 538 год. со народот Бекџе, на кој Јапонија продолжила да му дава воена поддршка. Во Јапонија, владеачката класа во голема мера го промовирала будимот за свои цели. Така, во почетните фази, будизмот како религија не бил популарен меѓу обичните луѓе во Јапонија. Сепак, воведувањето на будизмот доведло до укинување на практиката на погребување починати лица во големи могили (кофуни).
Принцот Шотоку дошол на власт во Јапонија како регент на императорката Суико во 594 год. Императорката Суико дошла на престолот како внука на претходниот император, Суџин (588-593 год.), кој бил убиен во 593 год. Императорката Суико, исто така, била во брак со претходен император Бидацу (572-585 год.), но таа била првата жена-владетел на Јапонија уште од матријархатот. Како регент на Императорката Суико, принцот Шотоку се посветил на ширење на будизмот и кинеската култура во Јапонија. Тој е исто така заслужен за релативниот мир во Јапонија, преку прогласувањето на Уставот со Седумнаесет члена, документ во конфучијански стил чиј главен интерес биле видовите на морал и доблестите што се очекувало да ги поседуваат владините претставници и поданиците на царот. Будизмот ќе стане постојан дел од јапонската култура.
Писмо до Императорот на Кина однесено од емисари од Јапонија во 607 год. вели "Императорот од земјата каде изгрева сонце (Јапонија) испраќа писмо до императорот на земјата каде што заоѓа сонцето (Кина)", навестувајќи исто рамниште со Кина што го налутило кинескиот император.
[уреди] Периодот Нара
Периодот Нара во 8. век ја одбележал првата појава на силна јапонски држава и често се смета како златно доба. Во 710 год., главниот град на Јапонија бил преместен од градот Асука во градот Нара. Хол (Hall) (1966) заклучува дека „Јапонија се трансформирала од лабава федерација на уџи (големи независни кланови со моќни лидери) во петтиот век во империјата каква што била кинеската империја во осмиот век. Нова теорија на државата и новата структура на владата го поддржале јапонскиот владетел како апсолутен монарх“. Традиционалните политички и економски практики сега биле организирани преку рационално структуриран владин апарат кој законско дефинирал функции и преседани. Земјиштето било контролирано и регистрирано на државата. Се појавила нова моќна аристократија која ја контролирала државата, и се издржувала од даноците кои биле ефикасно собрани. Владата изградила големи јавни објекти, вклучувајќи владини канцеларии, храмови, патишта и системите за наводнување. Бил воведен нови систем за закуп на земјиште и оданочување кој бил осмислен за да ја рашири сопственоста на земјиштето меѓу руралното население. Ваквото доделување на земјата најчесто изнесувало околу 1 акр (0,4 хектари). Сепак, тие можеле да бидат и само една десетина акр (0,04 хекари или 400 м2). Парцелите за робови биле околу две третини од големината на доделеното земјиште на слободните луѓе. Распределбата на земјиштето се разгледувала на секои пет години, кога се спроведувал и пописот.
Во текот на овој период бил забележан културен напредок. Нови драматични културни манифестации го карактеризирале периодот Нара, кој траел околу четири века.
По императорски декрет од императорката Гемеи, главниот град бил префрлен во Хеиџо-Кјо, денешна Нара, во 710 год. Градот бил направен според градот Чанган (денешен Сијан), главниот град на кинеската династија Танг.
Во периодот Нара, политичкиот развој бил обележан со борбата меѓу империјалното семејство и будистичките свештеници, како и меѓу на империјалното семејство и регентите – кланот Фуџивара. Јапонија уживала мирољубиви односи со нејзините традиционални непријатели – народот Шила кој живеел на југоисточниот брег на Корејскиот Полуостров. Јапонија исто така воспоставила формални односи со кинеската династијата Танг.
Во 784 год., главниот град бил повторно преместен во Нагаока-Kyo за да се избегнат будистичките свештеници, а потоа во 794 год. во Хеијан-Кјо, денешен Кјото. Кјото бил главен град до 1868 год. Во религиозниот град Кјото, будизмот и шинтоизам почнале да формираат синкретички систем.
Историските записи во Јапонија кулминирале на почетокот од 8. век, со големите хроники, Коџики (Записникот за древни работи од 712 год.) и Нихон Шоки (Хрониките за Јапонија од 720 год.). Овие хроники даваат легендарен опис на почетоците на Јапонија, денес познат како јапонска митологија. Според митовите кои се содржат во овие хроники, Јапонија е основана во 660 год. п.н.е. од предокот-император Џиму, директен потомок на шинто божеството Аматерасу или Божицата на сонцето. Митовите споменуваат дека Џиму започнал императорска лоза што останала до денес. Историчарите претпоставуваат дека митовите делумно опишуваат историски факти, но првиот император кој всушност постоел бил императорот Оџин, иако датумот на неговото владеење е неизвесно. Од периодот Нара, вистинската политичка моќ не е во рацете на императорот, туку во дадени периоди е во рацете на дворското благородништвото, воените водачи, војската и денес премиерот на Јапонија.
[уреди] Периодот Хеан
Периодот Хеан траел од 794 год. до 1185 год. и е последниот период на класичната јапонска историја. Тој се смета за врв на јапонскиот царски двор и е познат по уметноста, а особено поезија и литература. Во почетокот на 11. век, дамата Шикибу Мурасаки го напиша најстариот зачуван роман на Јапонија (и еден од најстарите во светот), Приказната за Генџи. Најстарите збирки јапонса поезија Манјосху и Кокин вакашу биле составени во текот на овој период.
Се појавиле силни разлики со културите од азиското копно (како што е автохтониот систем за пишување, Кана). Поради падот на династијата Танг, кинеското влијание го достигнало својот врв, а потоа дефинитивно завршило, со последната империјално дозволената мисија во Танг, Кина во 838 год., иако трговските експедиции и будистичкиот аџилак во Кина продолжил.
Политичката моќ во царскиот дворец била во рацете на моќни аристократски семејства (kuge), особено кланот Фуџивара, кој владеел под титулите Сешо (титула на регент имануван да му помогне на дете-цар или царица) и Кампаку (во теорија, главен советник на царот, но и титула за првиот секретар и регент кој му помага на царот). Кланот Фуџивара добил речиси целосна контрола врз царското семејство. Сепак, регентите Фуџивара кои го советувале царскиот двор биле задоволни со нивниот авторитет преку царот. Ова значело дека авторитетот на кланот Фуџивара можел да биде оспорен од страна на енергичен цар во секое време. Доминацијата на Фуџивара на дворот во периодот од 858 год. до околу 1160 год. довел до тоа овој период да се нарекува „периодот Фуџивара“. Кланот Фуџивара ја добил оваа надмоќ, поради брачни врски со царското семејство. Всушност, поради бројот на цареви чии мајки биле од кланот, регентите Фуџивара биле лесно идентификувани со царското семејство, и луѓето не гледале разлика меѓу „директно владеење“ од страна на царското семејство и на владеењето на регентите Фуџивара. Според тоа, кога настанало незадоволство од владата што резултирало со буната Хоген (1156-1158 год.), буната Хеџи (1160 год.) и војната Гемпе (1180-1185 год.), цел на незадоволството биле регентите Фуџивара, како и царското семејство. Војната завршила во 1185 год. со поморска битка на Ден-но-ура во која кланот Минамото го победил кланот Таира. (Битката на Ден-но-ура и војната Гемпе се споменуваат во приказна раскажана од покојниот Карл Саган во втората епизода од телевизиската минисерија од 1980 год. „Космос“.) Во 1192 год., дворот го назначил Јоримото од кланот Минамото на голем број високи позиции во владата. Овие позиции биле консолидирани и Јоримото станал првиот човек кој бил именуван како сеи таи шогун или шогун. Јоримото тогаш го победил кланот Фуџивара во воениот поход во северниот дел на Јапонија. Ова го означило крајот на периодот Фуџивара и крајот на нивното влијанието врз владата.
На крајот од овој период бил забележан подем на разни воени кланови. Четирите најмоќни кланови биле кланот Минамото, кланот Таира, кланот Фуџивара и кланот Тачибана. Кон крајот на 12. век, конфликтите меѓу овие кланови прераснале во граѓанска војна, како што била Хоген (1156-1158 год.). Буната Хоген била од големо значење за Јапонија, бидејќи била пресвртната точка што довела до првите фази на развојот на феудализмот во Јапонија. Буната Хеџи од 1160 год., исто така избувнала во текот на овој период и востанието било проследено со војната Генпе, од која произлегло општество предводено од кланови на самураи под политичка власт на шогунот, што се всушност почетоците на феудализмот во Јапонија.
Будизмот почнал да се шири за време на периодот Хеиан. Сепак, будизмот бил поделен меѓу две секти: сектата Тендаи која била донесена во Јапонија од Кина од страна на Саичо (767-822 год.) и сектата Шигон која беа донесена од Кина од страна на Кукаи (774-835 год.). Додека сектата Тендаи била монашка форма на будизам која формирала изолирани манастири или храмови на врвовите на планините, варијација Шигон била помалку философска, а попрактична и попопуларна верзија на религијата. Амидизмот (Будизам на чиста земја) е форма на будизам која е многу поедноставна отколку верзиите Тендаи или Шигон. Амидизмот станал многу популарен во Јапонија во времето на влошување и проблеми во втората половина на 11. век.
[уреди] Феудална Јапонија (1185–1868)
Во феудалниот период на јапонската историја, доминирале моќните регионални семејства (даимјо) и воената власт на воени водачи (шогуни). Овој период се протега од 1185 год. до 1868 год. Царот останал на власт, но главно неговата владејачката позиција била de jure, а трговците имале малку моќ. Овој период обично е дели на помали периоди според семејството на шогунот кое владеело.
[уреди] Периодот Камакура
Периодот Камакура (1185-1333 год.) е период што го означило владеење на шогунатот Камакура и транзиција во јапонската „средновековна“ ера, што е речиси период од 700 години во кој на царот, дворот, и традиционалните централната власт останале непроменети, но биле потиснати во голема мера извршувајќи церемонијални функции. Граѓанските, воените и судските спорови биле контролирани од класата на буши (самураите), а најмоќниот од нив бил де факто државниот владетел, шогунот. Овој период во Јапонија се разликувал од стариот шоен систем во силниот акцент на војската.
Во 1185 год., Јоримото од кланот Мирамото и неговиот помлад брат Јошицуне го поразиле ривалскиот клан Таира во поморска битка на Дан-но-ура. Исходот од битката на Дан-но-ура значел пораст на класат на воини или самураи. Со феудалната структура која произлегла во Јапонија, самураите биле должни да извршуваат воена служба и да бидат лојалност на царот. Самураите пак, барале лојалност и работа од селаните кои изнајмувале земјиште од нив и им служеле. Понекогаш самураите воделе битки еден против друг, што предизвикало нарушување во општеството. Во 1192 год., Јоримото бил назначен за Сеи таи шогун од страна на царот. Од шогунот се очекувало да ги води секојдневните работи на владата во име на царот и да го контролира самураите. Во ова време царскиот двор останал во главниот град Кјото. Општество во Кјото се сметало за попрефинето и покултурно од остатокот на земјата. Сепак, Јоримото ја основал својата база на моќ наречена Бакуфу во приморскиот град Камакура. Јоримото станал првиот од ред шогуни кој владеел од Камакура. Така, период од 1185 год. до 1334 год. станал познат како периодот на шогунатот Камакура. Општество во воениот или самурајскиот главен град Камакура се сметало за грубо и неуко во споредба со префинетото општеството во Кјото. Сепак, Јоримото сакал да ја ослободи својата влада од влијанието на штетната бирократијата во Кјото, и останал во Камакура . Шогунатот Камакура се засновал на интересите на оваа растечка класа наместо на бирократијата во Кјото. Според тоа, изборот на Камакура како главен град на шогунатот одговарал на новата класа на воини.
Yoritomo бил оженет со Хоџо Масако од кланот Хоџо, која и самата била сенсе (мајстор) во кјудо (стрелање) и кендо (мечување), и таа придонела многу за неговиот подем и организирање на бакуфу. Меѓутоа, по смртта на Јоримото, друг клан на воини, кланот Хоџо, дошол на власт како шикен (регенти) за шогунот.
Во оној период монголската инвазија на Јапонија во 1274 год и 1281 год била трауматичен настан. Големите монголски сили со супериорна поморска технологија и оружје се обиделе да извршат целосна инвазија на јапонските острови и во 1274 год. и во 1281 год. Сепак, познат тајфун под името камиказе (во превод од јапонски: божествена ветер) бил заслужен за уништувањето и на цилите на монголската инвазија и спасувањето на Јапонија. Иако Јапонците успешно ги запреле Монголите, обидот за инвазијата имал катастрофални внатрешни последици, што довело до исчезнување на шогунатот Камакура. Две децении по вториот неуспешен обид на монголската инвазија ан Јапонија , Јапонците продолжиле да стравуваат од тет монголски напад. (Всушност, Јапонија не можела да биде сигурна во мир сè до смртта на Кублај Кан во 1294 год.) Како резултат на ова, шогун барал од самураите да трошат многу пари на вооружени сили, со цел да останат во состојба на готовност за третиот напад од страна на на Монголите кој се очекувал. Ова огромно трошење пари имало разурнувачки ефект врз економијата на Јапонија. Можеби шогунатот Камакура ќе го преживеел притисокот на постојана воена подготвеност и лошата економија што произлегла од тоа доколку ова бил единствениот проблем. Сепак, по смртта на царот Го Сага во 1272 год. настаналa жестока расправијa околу наследство на престолот во рамките на царското семејство.
[уреди] Реставрацијата Кему
Во 1333 год., шогунатот Камакура бил симнат од власт со државен удар удар познат како Реставрацијата Кему, предводена од царот Го Даиго и неговите следбеници (Ашикага Такауџи, Нита Јошисада и Кусуноки Масашиге). Царот Го Даиго дошол на престолот во 1318 год. Од самиот почеток, јасно било дека Го Даиго нема да абдицира и да биде „затворен цар“, и дека има намера да владее со Јапонија од неговата палата во Кјото независно од шогунатот Камакура. Го Даиго и неговите приврзаници војувале против шогунатот Камакура. На царот му било вратено политичкото влијание. Владата кја се формирала не се состоела од цивили, туку била владата од шогунатот Камакура предводена од војска. Сепак, ова не траело долго. Настанало безредие во класата на воини низ Јапонија. Исто така, Го Даиго не бил роден лидер. Всушност, негиов карактер имал тенденција да ги отуѓува луѓето. Еден од оние што бил отуѓен од Го Даиго, бил неговиот поранешен следбеник, Ашикага Такауџи. Ашикага Такауџи дознал дека има поддршка од другите регионални воени водачи во Јапонија. На почетокот од 1335 год., Ашикага заминал од Кјото и се преселил во Камакура. Ашикага тогаш почнал да презема функции кои не му биле доделени од царот. Ова до довело Ашикага Такауџи во директен конфликт со владините претставници во Кјото, вклучувајќи ги и неговата стари сојузници, Нита Јошисада и Кусуноки Масашиге. Сепак, преземајќи овластувања какви што имал шогунот, се чинело дека Ашикага се застапувал за класата на воини во борбата против цивилните власти кои се чинело дека се решени да ја уништата можта на воините. Според тоа, на Ашикага му се придруѓиле многу регионални воени водачи во Камакура. На 17. Ноември, 1335 год. Ашикага Тадајоши, братот на Такауџи, ги повикал воините низ земјата (во име на својот брат Такауџи) „соберете ги мажите од вашиор клан и побрзајте да ни ми се придружите“. Незадоволството од Го Даиго било силно што повеќето од воините во Јапонија одговориле на овој повик.
По првичниот пораз на главниот остров Хоншу, Ашикага и неговите трупи се повлекле во јужниот дел на островот Кјушу, каде што веднаш ги продобил најголем дел од регионалните воени водачи на негова страна и ги поразил неколкуте кои останаа лојални на Го Даиго. Штом целиот островот Кјушу бил во негови раце, Ашикага Такауџи повторно извршил инвазија на главниот остров Хоншу, и во 1336 год., во решавачката Битка на Минатогава, или Битката на реката Минато, ги поразил вооружените сили на Нита Јошисада и Кусуноки Масанори и другите лојалистички сили на Го Даиго. Силите на победничката класа на воини се собрале околу градот Камакура кој станал познат како „Северниот царски двор“. Лојалистичките сили можеби биле победени, но преживеале да ја продолжат борбата. Тие го формирале „Јужниот царски двор“, а по смртта на Го Даиго на крајот на летото од 1339 год., се собрале околу принцот Казухито кој бил устоличен како царот Когон. Принцот Казухито бил од помлада лоза на потомци на царското семејство и на тој начин, неговите приврзаници биле приврзаници на на „помладата лоза“. На 20. септември 1336 год., коалицијата на самураи на Ашикага се спротивставила на Го Даиго и устолишивањето на Принцот Го како царот Комјо. Принцот Јутахито билод „постарата лоза“на потомци на царското семејство. Според тоа, граѓанската војна меѓу воините предводени од клан Ашикага – Северниот царски двор од една страна и „Јужниот царски двор“ на лојалистите од друга страна, беше граѓанска војна за тронот меѓу приврзаниците на „старата“ и „младата“ лоза на наследници на царкото семејство. Воините и кланот Ашикага го освоиле Кјото и почнале да ги преместуваат воени силе од Камакура во Кјото. Во меѓувреме, Јужниот двор го напуштил главниот град Кјото и се етаблирал во Јошино.
Шогунатот Ашикага никогаш не можел да ја контролира и централизира власта низ целата земја. Кланот владеел поради мало мнозинствона воени водачи кое се менувало и кое го поддржувало. Секогаш имало воени водачи кои делувале самостојно и од Севернит двор и од Јужниот двор. Подоцна, за време на војната за престолот, овие независни воени водачи на власт го поставиле третиот цар, царот Суко. Значи граѓанска војна за тронот станала проблем меѓу три страни. Како што продолжувала граѓанската војна така и престижот на престолот се намалувал. Ова влијаело врз зацврстувањето на идејата дека царското семејство треба да се отстрани од политиката и ја зајакнало потребата да се назначи шогун за да ја води владата.
Во 1338 год., Ашикага Такауџи бил официјално назначен за шогун од новиот цар. Тој бил првиот од шогуните Ашикага. Обидот за враќање на независна моќ на престолот - Ресторацијата Кему, бил при крај, по што започнал периодот на шогунатот Ашикага. Граѓанската војна за престолот конечно била решена. Како дел од решението, сите три „цареви“ абдицирале на 6. април 1352 год. Ашикага починал во 1358 год. и Ашикага Јошиакира го наследил како шогун. Сепак, до 1368 год. моќта на шогунатот Ашикага била дефинирана што што Ашикага Јошимицу можел да владее во Јапонија без оглед на царот. Во 1392 год., на Јужниот двор и Северниот двор конечно се споиле со договор кој го ставил царот Коген, од Јужниот двор и помладата лоза на престолот и завет дека на престолот отсега наизменично ќе доаѓаат кандидати од Северниот двор и Јужниот двор. Меѓутоа, овој договор никогаш не бил спроведен.
[уреди] Периодот Муромачи
За време на периодот Муромачи, шогунатот Ашикага владеел 237 години, од 1336 год. до 1573 год. Бил основан од Ашикага Такауџи кој ја презел политичката моќ од царот Го Даиго. Мнозинството од класата воини го поддржале кланот Ашикага во војната за престолот. По одземањето на Кјото од царот Го Даиго, клант Ашикага го направил Кјото главен град на шогунатот Ашикага кон крајот на 1336 год. Тој станал нов главен град на Северниот двор. После тоа, Го Даиго се преелил во Јошино и таму го основал новиот главен град на Јужниот Двор. Со ова завршил обидот за реставрација на моќта на престолот - Реставрацијата Кему. Почетокот (1336-1392 год.) од периодот Муромачи период е познат како Нанбоку чо (период на Северниот и Јужниот двор), бидејќи царскиот двор бил поделена на два дела. Во 1392 год., Северниот двор и Јужниот двор конечно биле споени и царот Коген бил ставен на престолот. Имало договор со кој, наследувањето на престолот наизменично ќе се менува меѓу кандидатите на Северниот двор и кандидатите на Јужниот двор. И покрај тоа, овој договор никогаш не бил спроведен.
Владеењето на кланот Ашикага било многу слично на владеењето на кланот Камакура, бидејќи кланот Ашикага направил неколку промени во позициите и советите и на претходна влада. Сепак, шогунатот Ашикага доминирал со царскит престол повеќе отколку што можел кланот Камакура. Шогунатот Ашикага никогаш не можел да ја централизира својата власт над регионалните воени водачи како претходно влада на Камакура. Шогунатаот Ашикага се основал на коалиција на лабаво мнозинство од различни регионални воени водачи низ целата земја. Како последица на тоа, шогунатот Ашикага не можел да се направи ништо во врска со проблемот на пиратите кои делувале на нивните брегови, и покрај многуте барања од Кореа и кинеската династија Минг. Клановите на воените водачи, како кланот Коцуна и филијалата Кијомори од кланот Таира, кои живееле крај брегот на Бнатрешното Јапонско Море, заработувале од пиратите и ги поддржувале.
Во 1368 год., династијата Минг ја заменила династијата Јуан на Монголите во Кина. Трговијата на Кина со Јапонија замрела после вториот и последен обид на монголска Кина да изврши инвазија на Јапонија во 1281 год. Сега започнал нов трговски однос со новите владетели Минг во Кина. Дел од новата трговијата со Кина било доаѓањето во Јапонија на зен будистички монаси. Во текот на шогунатот Ашикага се зголемило влијанието на Зен будизмот меѓу владеачката класа во Јапонија.
Периодот Муромачи завршил во 1573 год. кога 15-от и последен шогун, Ашикага Јошиаки, бил избркан од главниот град Кјото од Ода Нобунага.
Од аспект на културната историја, во периодот Муромачи се периодот Китајама (крајот на 14. век - првата половина на 15. век) и периодот Хигашијама (втората половина на 15. век – прва половина на 16. век).
[уреди] Периодот Сенгоку
Подоцнежните години од периодот Муромачи ( 1467-1573 год.), исто така се познати како период Сенгоку (периодот на завојувани кралства), време на интензивна внатрешна војна кое кореспондира со периодот од првите контакти со западот - доаѓањето на португалските "нанбан" трговци.
Во 1543 год., португалски брод, кој бил одвеан и го изгубил својот курс на пловидбата до Кина, стигнал до островот Танегашима. Огнено оружје донесено од Португалците ќе донесе големи иновации во периодот Сенгоку, кои кулминирале во Битката на Нагашино каде наводно 3000 аркебузи (се верува дека вистинскиот број е околу 2000) ги намалило ангажирањето на самураи. Во текот на следните години, доаѓале трговци од Португалија, Холандија, Англија и Шпанија, како и језуитски, доминикански и францискански мисионери.
[уреди] Периодот Азучи-Момојама
Периодот Азучи-Момојама траел од околу 1568 год. до 1603 год. Периодот, кој се смета како доцниот Период на завојуваните кралства, го означува военото обединување и стабилизацијата на земјата под еден политички владетел, прво со воените походи на Ода Нобунага (1534-1582) кој речиси ја обедини Јапонија. Нобунага одлучил да ја намали моќта на будистичките свештеници, и го штител христијанството. Тој вршел масовни убиства на будистички свештеници и ги освојувал нивните утврдени храмови. Бил убиен во бунт во 1582 год.
Обединување конечно го остварил еден од генералите на Нобунага, Тојотоми Хидејоши.
Откако ја обединил Јапонија, Хидејоши ја нападнал Кореја во обид да ја освои, како и територијата пошироко. Сепак, по два неуспешни походи против сојузните сили на Кореја и Кина и неговата смрт, неговата војска се вратила во Јапонија во 1598 год. По неговата смрт, Јапонија доживеала краток период на конфликт околу тоа кој ќе го наследи. Токугава Иејасу, еден од регентите на младиот наследник на Хидејоши, излегол како победник од Битката кај Секигахара и се здобил со политичка моќ.
[уреди] Христијански мисии
Католички језуитски мисионери предводени од Франциско Ксавиер (1506-1552) пристигнале во 1549 година и биле пречекани во Кјото. Нивниот преобратување било најуспешно во Кјушу, со околу 100.000 до 200.000 преобратени верници, вклучувајќи и многу даимјо. Во 1587 година, Хидејоши се премислил и одлучил дека христијанското присуство било предизвикува раздор и може да им овозможи на Европејците да ја расцепкаат Јапонија. Христијаните мисионери биле гледани како закана; на португалски трговци им било дозволено да продолжат со нивната работа. Едиктот не бил веднаш спроведен, туку ограничувања станувале сè построги во наредните три децении сè додека целосен владин прогон на ја уништил христијанската заедница до дваесеттите години на 17. век. Језуитите билепротерани, цркви и училишта биле урнти, а на даимјо им било забрането да станат христијани. Преобратените верници кои не го отфрлиле христијанството биле убиени. Многу христијани тајно ја практикувале религијата, со што станале прикриени христијани (隠れ キリシタン какуре киришитан), но нивните заедници исчезнале. Христијанството повторно било воспоставено во Јапонија во 70-тите години на 19. век.
[уреди] Периодот Едо („Токугава“) (1603–1868 год.)
[уреди] Економија
[уреди] Социјална структура
[уреди] Самураи
[уреди] Ниски слоеви
[уреди] Трговци и занаетчии
[уреди] Писменост
[уреди] Влада
[уреди] Сакоку - изолираност од надворешниот свет
[уреди] Крај на изолираноста
[уреди] Јапонската империја (1868–1945)
[уреди] Реставрацијата на Меиџи
[уреди] Војните со Кина и Русија
[уреди] Англо-јапонската алијанса
[уреди] Прва светска војна
[уреди] Фашизам во Јапонија
[уреди] Втора Сино-јапонска војна
[уреди] Втора светска војна
[уреди] Општество што се модернизира
[уреди] Трансформирано детство
[уреди] Поствоена Јапонија (1945–денес)
[уреди] Окупацијата на Јапонија
[уреди] По окупацијата за време на Студената војна
[уреди] По Студената војна
[уреди] Периодизација
[уреди] Сметање на времето според владеењето
[уреди] Други ери
[уреди] Поврзано
- Timeline of Japanese history
- History of Asia
- List of Emperors of Japan
- List of Prime Ministers of Japan
- Politics of Japan
- Rikkokushi, six imperially commissioned Japanese national histories
- 1980s in Japan
[уреди] Наводи
[уреди] Библиографија
- Bix, Herbert P. (4 September 2001). „Hirohito and the making of modern Japan“. HarperCollins. ISBN 978-0-06-093130-8. http://books.google.com/books?id=zjmVltzm1kYC. проверено на 29 October 2011.
- Fairbank, John K.; Reischauer, Edwin O. and Craig, Albert M. East Asia: Tradition and Transformation (Houghton Mifflin Publishing Co.: Boston, 1978)
- Sansom, George Bailey (1 June 1958). „A History of Japan to 1334“. Stanford University Press. ISBN 978-0-8047-0523-3. http://books.google.com/books?id=t2c4t4yw21gC. проверено на 29 October 2011.
- Sansom, George Bailey (1961). „A History of Japan, 1334–1615“. Stanford University Press. ISBN 978-0-8047-0525-7. http://books.google.com/books?id=0syC6L77dpAC. проверено на 29 October 2011.
[уреди] Дополнителна литература
- Allinson, Gary D. The Columbia Guide to Modern Japanese History. (1999). 259 pp. excerpt and text search
- Allinson, Gary D. Japan's Postwar History. (2nd ed 2004). 208 pp. excerpt and text search
- Beasley, William G. The Modern History of Japan (1963)
- Clement, Ernest Wilson. A Short History of Japan (1915)
- Cullen, Louis M. A History of Japan, 1582–1941: Internal and External Worlds (2003)
- Edgerton, Robert B. Warriors of the Rising Sun: A History of the Japanese Military. (1999). 384 pp. excerpt and text search
- Gordon, Andrew. A Modern History of Japan: From Tokugawa Times to the Present (2003) ISBN 0195110617
- Hall John Whitney. Japan: From Prehistory to Modern Times. 1970.
- Hane, Mikiso. Modern Japan: A Historical Survey (2nd ed 1992)
- Huffman, James L., ed. Modern Japan: An Encyclopedia of History, Culture, and Nationalism. (1998).
- Hunter Janet. Concise Dictionary of Modern Japanese History. 1984.
- Jansen, Marius B. The Making of Modern Japan (2002) ISBN 0674009916
- McClain, James L. Japan: A Modern History. (2001) ISBN 039397720X
- Perez, Louis G. The History of Japan (1998)
- Perkins, Dorothy. Encyclopedia of Japan: Japanese History and Culture, from Abacus to Zori. (1991).
- Reischauer, Edwin O. Japan: The Story of a Nation. 1990.
- Stockwin, J. A. A. Dictionary of the Modern Politics of Japan. (2003).
- Tipton, Elise. Modern Japan: A Social and Political History (2002) excerpt and text search
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Историја на Јапонија“ |
- History of Japan – World History Database
- Bibliography of Japanese History up to 1912, University of Cambridge.
- Samurai Archives Japanese History Page, a great amount of text about Japanese history
- The Japanese History Documentation Project by Christopher Spackman. This is published under the terms of the GFDL, so it should be usable as a resource for Wikipedia.
- Outline Chronology of Japanese Cultural History
- National Museum of Japanese History
- SengokuDaimyo.com, the website of Samurai author and historian Anthony J. Bryant
- Japanese History through Edo Period Art
- Yamada Sho (2002). Politics and Personality: Japan's Worst Archaeology Scandal, Harvard Asia Quarterly Vol. VI, No. 3. In-depth commentary on the extensive fraud that took place in archeology in Japan over a 20-year period.
- 古事記~往古之追慕~(Big5 Chinese) Many online Japanese historical texts, e.g. the Rikkokushi, Dainihonshi and more.
- (јапонски)日本古代史料本文データ Downloadable lzh compressed files of Japanese historical texts.
- (јапонски)古代史獺祭 Many online historical texts from Japanese, Chinese, Korean related to history of Japan.
- (јапонски)J-Texts (日本文学電子図書館) Many Japan historical literature texts
- Historiographical Institute – The University of Tokyo (東京大学史料編纂所)
- English translation of the Wei Zhi

