Камиказе
Камиказе (јапонски:神風, буквален превод: „божји ветер“) Токубетсу Коогекитаи (Tokubetsu Kougekitai (特別攻撃隊)) Токоо Таи (Tokkō Tai (特攻隊)) Токоо (Tokkō (特攻)) беа самоубиствени напади од воените пилоти на Јапонската империја против бродовите на Алијансата во завршните фази на кампањата на Пацификот во Втората светска војна, осмислени да уништат што повеќе воени бродови.
Камиказе пилотите намерно се обидувале да удрат со нивниот авион во бродовите на непријателот — тоа биле авиони натоварени со експлозиви, бомби, торепеда и полни резервоари со гориво. Нормалните функции на авионот (да испушта торпеда и бомби или да пука во други авиони) биле занемарени и авионите биле всушност претворени во мисили управувани од луѓе во обид да се искористи мошне зголемената прецизнот и екплозивната моќ поголема од таа на нормалните бомби. Целта да се оштетат што е можно повеќе бродови на Алијансата, особено носачи на авиони, се сметала за доволно критична да ја гарантира двојната жртва на пилоти и авиони.
Овие напади кои започнаа во Октомври 1944 год., беа проследени со неколку критични воени порази за Јапонците. Тие од одамна ја беа загубиле возхопловната доминантноста како резултат на застарените авиони и загубата на искусни пилоти. На макроекономска скала, Јапонија искуси намалена способност да води војна, и брзо опаѓање на индустрискиот капацитет поврзан со САД. Јапонската влада беше неодлучна да се предаде. Во комбинација, овие фактори доведоа до употребата на камиказе тактики како што силите на Алијансата се приближуваа кон јапонските острови.
Додека терминот „камиказе“ обично се однесува на воздушните напади, терминот понекогаш се употебува за разни други интернационални самоубиствени напади. Јапонската армија правеше планови за Специјалните јапонски единици за напад (или шумбутаи), вклучувајќи и такви кои инволвираа подморници, човеки торпеда, моторни чамци и нуркачи. Иако камиказе беше најчестиот и најпознатиот самоубиствен напад за време на Втората светска војна, тие беа слични на банзаи нападите вршени од јапонските војници. Главната разлика меѓу камиказе и банзаи е тоа што самоубиството е неопходно за успехот на камиказе нападот, додека пак банзаи е само потенцијално самоубиствен — т.е. напаѓачите се надеваат да преживеат, но не го очекуваат тоа. Западните извори често погрешно ја сметаат Операцијата Тен Гоу (Operation Ten-Go) како камиказе операција, затоа што се случи за време на Битката на Окинава заедно со масивните бранови на камиказе авионите; сепак, банзаи е поточниот термин, затоа што целта на мисијата беше воениот брод Јамато да се закотви и да обезбеди поддршка на бранителите на островот, спроти судирање и детонирање меѓу морепловните сили на непријатлот.
Традицијата на самоубиство наместо пораз, заробеништво и јавен срам била длабоко вкоренета во јапонската воена култура. Таа била една од основните традиции на самурајскиот живот и кодот Бушидо: лојалност и чест сè до смртта.
Содржина |
[уреди] Дефиниција и етимологија
The Japanese word Kamikaze is usually translated as "divine wind" (kami is the word for "god", "spirit", or "divinity", and kaze for "wind"). The word kamikaze originated as the name of major typhoons in 1274 and 1281, which dispersed Mongolian invasion fleets.
Јапонскиот збор камиказе обично се преведува како „божји ветер“ (ками е зборот за „бог“, „дух“ или „божество“, и казе за „ветер“). Зборот камиказе потекнува од името на големите тајфуни во 1274 год. и 1281 год., што ги распрскаа монголските флоти кои сакаа да нападнат.
На Јапонски, формалниот термин кој се користи за единици кои извршувале самоубиствени напади за време на 1944-45 год. е токубетсу коогеки таи (特別攻撃隊), што буквално значи „специјална единица за напад“. Ова обично се крати на токоотаи (特攻隊). Попрецизно, воздушните самоубиствени напади од Империската јапонска морнарица официјално биле нарекувани шимпуу токубетсу коогеки таи (神風特別攻撃隊, „спецјални единици за напад божествен ветер“). Шимпу е он-читањето (онјому или кинески изговор) на истите карактери кои што го сочинат зборот камиказе на Јапонски. За време на Втората светска војна, изговорот камиказе се користел во Јапонија само неформално поврзано со самоубиствените напади, но после војната било прифатено ова користење низ целиот свет и повторно влегло во Јапонија. Како резултат на ова, специјалните напаѓачки единици се понекогаш познати во Јапонија како камиказе токубетсу коогеки таи.
Од крајот на војната, терминот камиказе понекогаш се употребува како pars pro toto за други видови напади каде напаѓачот намерно се жртвува. Тука се вклучени мноштво самоубиствени напади, во други историски контексти, како што е предложената употеба на авионите Selbstopfer во нацистичка Германија и многу други самоубиствени бомбашки напади од страна на терористички напади низ целиот свет (како што се нападите од 11 Септември, 2001 год.), иако камиказе пилотите напаѓаа само воени цели, додека пак терористите напаѓаат претежно цивилни установи. На англиски, зборот камиказе исто така може да се користи како хипербола и метафора кога се мисли на нефатални акции кои резултираат со значителна загуба за напаѓачот, како што е повреда и крајот на кариерата.
[уреди] Историја
[уреди] Потекло
Пред формирањето на камказе единици, намерни/осмислени падови биле користени во краен случај кога авионот на пилотот бил мошне оштетен и тој не сакал да ризикува да биде фатен; ова било случај и со Јапонските сили и со силите на Алијансата. Според Axell & Kase, овие самоубиства „биле индивидуални, impromptu одлуки од луѓе кои биле психички подготвени да умрат." Во повеќето случаи, има малку докази дека овие удари не биле случајни судири, од оној вид кој понекогаш се случува во интензивни/вжештени воздушни битки среде море . Еден ваков пример се случил на 7. Декември 1941 год. за време на нападот на Перл Харбор. Авионот на првиот поручник Фусата Иида бил погоден и почнал да му истекува гориво, кога тој наводно го искористил тоа за да изврши самоубиствен напад на поморничката авионска станица Канеохе. Пред да полета, тој им кажал на своите војници дека ако неговиот авион е лошо оштетен тој ќе удри во „важна непријателска цел“.
Битките на носачите во 1942 год., особено Мидвеј, нанесоа непоправлива штета на Имериската јапонска поморничка и воздухопловна служба, таква што тие веќе не можеле да состават/да здружат голем број на носачи со добро истренирани пилоти . Јапонските стратешки планери претпоставиле дека војната ќе биде кратка и биле лошо подготвени да ги заменат загубите на бродови, пилоти и морнари; на Мидвеј, Јапонците загубиле толку пилоти во еден ден, колку што загубиле во една година за време на предвоената обука. Следните кампањи на Соломонс и Санта Круз, особено Битките на Источен Соломонс и Санта Круз и натаму резултирале со жртви на нивните пилоти-ветерани и заменувањето на нивното борбено искуство се покажало невозможно. За време на 1943-44 год., силите на САД приближувале постепено кон Јапонија. Ловците авиони на Јапонија станувале помалкупројни и од пониска класа за разлика од новите авиони произведени во САД, особено F6F Hellcat и F4U Corsair. Тропските болести, како и недостатокот од резервни делови и гориво, ги направило операцииите на ЈИМВС сè потешки и потешки. До Битката на Филипинското Море во 1944 год., Јапонците морале да се снаоѓаат со застарени авиони и неискусни пилоти, против подобро обучените и поискусни морнарички пилоти на САД и нивните радарско насочени борбени воздушни патроли. Јапонците изгубиле преку 400 авиони и пилоти лоцирани на носачи , со што ефективно се ставило крај на моќта на нивните носачи, акција која Алијансата ја нарекува „Големиот Маријански лов на мисирки“ ("Great Marianas Turkey Shoot").
На 19. Јуни 1944 год. носачот Чијода се приближил до борбената единица на САД. Според некои прикази, два извршиле самоубиствени напади, еден од кои удрил УСС Индијана.
Важната јапонска база во Саипан беше освоена од силите на Алијансата на 15. Јули 1944 год. Нејзиното освојување обезбеди адекватни понатамошни бази кои им овозможија на воздушните сили на САД, кои користеле B-29 Superfortress, да ги нападнат јапонските острови. После падот на Саипан, јапонската врховна команда предвидела дека Алијансата ќе се обиде да ги освои Филипините, кои биле стратешки важни поради нивната локација меѓу нафтоносните полиња на Јужноисточна Азија и Јапонија.
Во Август 1944 год., било објавено од агенцијата за известување Домеи дека некој инструктор по летање по име Такео Тагата обучувал пилоти во Тајван за самоубиствени мисии.
Друг извор тврди дека првите камиказе мисии се случиле на 3. Септември 1944 год. Група пилоти од 31. Борбена ескадрила на армијата на островот Негрос одлучила да да тргне во самоубиствен напад наредното утро. Биле избрани првиот поручник Такеши Косаи и еден водник. Две бомби од 100 кг биле прикачени на двата ловци и пилотите тргнале пред зори, планирајќи да се урнат во носачите. Тие никогаш не се вратиле, но не постојат податоци за непријателски авион којшто погодил брод на Алијансата тој ден.
Според некои извори, на 14. Октомври 1944 год., УСС Рено бил погоден од намерно урнат јапонски авион. Меѓутоа, нема докази дека напаѓачот планирал да се урне.
Вицеадмиралот Масафуми Арима, командантот на 26. Воздушна флотила (дел од 11. Воздушна флота), понекогаш се смета како заслужен за осмислување на камиказе тактиката. Арима лично преводел напад на околу сто Јокосука D4Y Суисе ("Џуди") авиони за ниско бомбардирање против голем носач на авиони од класата Есекс, УСС Френклин блуску до заливот Лејте, на или околу (продатоците варираат) 15. Окотомври 1944 год. Арима погинал и дел од авионот удрил во Френклин. Јапонската врховна команда и пропагандистите го искористија примерот на Арима: тој бил постхумно унапреден во адмирал и му била дадена официјална заслуга за извршување на првиот камиказе напад. Меѓутоа, не е јасно дали се работи за планиран самоуиствен напад, а официјалните јапонски извештаи за нападот на Арима имаат малку сличност со вистинските настани.
На 17. Октомври 1944 год., силите на Алијансата го нападнале островот Сулуан, со што започнала Битката на заливот Лејте. Првата воздушна флота на Јапонската империска морнарица, стационираа на Манила, добила задача да им помогне на јапонските бродови кои ќе се обидат да ги уништат силите на Алијансата во заливот Лејте. Меѓутоа, 1. Воздушна флота во тоа време имала само 40 пилоти, 34 A6M Zero ловци авиони лоцирани на носачи, три Накаџима B6N Тензан ("Џил") торпедо бомбардери, еден Мицубуши G4M ("Бети") и два Јокосука P1Y Гинга ("Францис") копнени бомбардери, и еден додатен авион за извиднички мисии. Задачата пред јапонските воздушни сили изгледала невозможна. Командирот на Првата воздухопловна флота, Вицеадмиралот Такиџироо Оониши одлучил да формира воена единица за самоубиствени напади, Специјалната единица за напади. На состанок на аеродромот Мабалакат (познат на војската на САД како Воздушна база Кларк) блису Манила, на 19. Октомври, Ониши им кажал на офицерите од штабот на 201. Летачка група: "Мислам дека нема друг начин да се изврши оваа операција (да се задржат Филипините), освен да се стави бомба од 50 кг на Zero и да се урне во носач на САД за да се онеспособи за една недела."
[уреди] Првата камиказе единица
Командирот Асаики Тамаи побарал од група 23 талентирани пилоти студенти, кои сите ги обучувал, да волунтираат за специјалната единица за напади. Сите пилоти ги кренале двете раце да волунтираат во операцијата. Подоцна, Таками го замолил поручникот Јукио Секи да раководи со специјалната единица за напади. Се вели дека Секи ги затворил очите, ја наведнал главата и размислувал 10 секунди пред да каже: "Ве молам назначете ме на функцијата ." Секи станал 24от камиказе пилот кој бил одбран. Сепак, Секи подоцна рекол: "Иднината на Јапонија е мрачна ако таа е принудена да убие еден од своите најдобри пилоти." и "Јас не одам на мисија за Императорот и Империјата... Јас одам затоа што ми е наредено"
Имињата на четирите единици во Специјалната камиказе единица за напади биле Единица Шикишима, Единица Јамато, Единица Асахи и Единица Јамазакура. Овие имиња биле земени од една патриотска поема (вака или танка), Shikishima no Yamato-gokoro wo hito towaba, asahi ni niou yamazakura bana (Шикишима но јамото-гокоро во хито товаба, асахи ни ниоо јамазакура бана) од Јапонскиот класичар , Мотоори Норинага. Поемата гласи:
Ако некој праша за Јамато духот (духот на старата/вистинска Јапонија) на Шикишима (поетко име на Јапонија)—тоа се цвеќињата на јамазакура (планински црешови цветови) кои мирисаат опојно во Асахи (изгрејсонце).
Помалку буквален превод гласи:
- Ако ме прашаат за душата на Јапонија,
- Би рекол
- Дека таа е
- Како дивите црешови цветови
- Што сјаат на утринското сонце.
[уреди] Втората Светска војна
Практиката за камиказе особено била засилена во завршните години на Втората Светска војна. Поголемиот број на камиказе-авиони најчесто биле класични борбени авиони или лесни бомбардери, обично натоварени со бомби или со дополнителни контејнери со бензин пред да извршат самоубиствени задачи. Со овој тип воздушни напади Јапонија успеала да потоне 34 бродови и да им нанесе сериозна штета и на стотина други бродови; во битката кај Окинава успеале да ѝ нанесат големи загуби на морнарицата на САД. Се смета дека само во една битка загинале околу 5.000 луѓе.[2]
[уреди] Наводи
- ↑ Bunker Hill I, Dictionary of American Naval Fighting Ships, Naval Historical Center, 22 November 2005.
- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, Книга 4

