Аум Шинрикјо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аум Шинрикјо
Основана1984
ВидРелигиозна секта
СедиштеТокио
МестоЈапонија
Мреж. местоAleph

Аум Шинрикјо (на јапонски: オウム真理教, "Врвна вистината"), моментално е позната како Алеф, е јапонски култ и терористичка организација. Групата е основана од страна на Шоко Асахара (вистинско име Чизуо Матсумотово) во 1984 година. Групата стана меѓународно позната по напад во метрото во Токио во 1995 година. Во нападот беа повредени околу 5 500 лица, некои од нив трајно, кога членовите на култот испуштија сарин, смртоносен нервен гас што го создадоа нацистите во Втората светска војна.

Старото лого

Името Аум Шинрикјо произлегува од санскритскиот слог Аум, кој го претставува универзумот, проследено со Шинрикјо напишано во канџи и приближно означува "религијата на вистината". Најчесто Аум Шинрикјо се преведува како "Врховна вистината" или "Врвна вистината". Во јануари 2000 година, Организацијата го смени своето име во Алеф во според првата буква од хебрејската азбука и феникиската азбука. Исто така го промени и своето лого.

Шоко Асахара, во 1987 започнал курсеви по јога откако поминал одреден период во Индија. Водачот инкорпорирал разни окултни учења од филозофијата, тврдел дека е Исус и дека може да излечи сѐ, од венерични болести па сè до рак на мозокот. Членовите морале да живеат во сиромаштија, децата носеле шлемови кои ги синхронизирале мозочните бранови со тие на Асахара и итн.

Во 1995 година, групата тврдела дека има над 9 000 членови во Јапонија, а околу 40 000 во целиот свет. Според јапонската влада, во почетокот на 2009 година, култот има околу 1 650 членови (650 свештеници, 1000 верници) [1].

Откако во 1990 година ги загубил изборите во Јапонија, Асахара ги убедил следбениците дека во 1997 владата на Јапонија ќе почне војна против „праведните“ и дека е нивна должност да убијат колку што е можно повеќе „неверници“ пред да започне борбата. Па така, во 1995, следбениците на култот ослободија сарин гас во метрото во Токио, убивајќи 11 луѓе, а повредувајќи неколку стотици. Шоко Асахара беше погубен за масовното убиство [2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. National Police Agency (Japan) (2009), THE WHITE PAPER on POLICE 2009 (平成21年警察白書, Heisei Nijūichi nen Keisatsu Hakusyo)), GYOSEI Corporation , English p.160.
  2. Трујачот од токиското метро ќе оди на бесилка

Надворени врски[уреди | уреди извор]