Кевин Кузманов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кевин Кузманов
Kevin Kouzmanoff
Kevin Kouzmanoff 2500809292.jpg
Роден 25 јули 1981
Њупорт Бич, САД
Занимање безбол играч

Кевин Кузманов 25 јули 1981 во Њупорт Бич, Калифорнија) е американски безбол играч со македонско потекло.[1][2].

Кевин пораснал во Евергрин, Колорадо, каде што играл безбол за своето средно училиште, како и во универзитетската лига на Арканзас, од каде што направил трансфер за професионалната екипа Вали Скрејперс во 2003 година.

Кевин Кузманов е трета генерација од истоименото македонско семејство иселено во САД. Тој е еден од четворицата професионални играчи кои успеале да направат grand slam home run, односно home run при првото топче упатено кон нив во сезонаета. Познат е под псевдонимот „Македонската машина“.

Моментално игра за Оукленд Атлетикс, а кариерата ја започнал во Кливленд Индијанс.

Наводи[уреди]