Винсент Минели
Од Википедија, слободната енциклопедија
Винсент Минели (англиски: Vincente Minnelli) (роден 28 февруари 1903 - починал 25 јули 1986) бил познат холивудски режисер и театарски режисер, кој критичарите често го нарекувале таткото на модерниот мјузикл.
[уреди] Биографија
Роден како Лестер Ентони Минели во Чикаго, Илиноис, САД, Минели било најмало преживеано дете на Мине Мари Лалует Ле Бо и Винсент Чарлс Минели. Неговиот татко бил музички диригент во Шаторскиот Театар на Браќата Минели. Мајка му била од Чикаго, но со француско-канадско потекло, додека пак неговите дедовци биле со сицилијанско и шкотско потеколо.