Контрацепција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пакет апчиња за контрацепција
Пакет апчиња за контрацепција

Според Светската здравствена организација, поимот контрацепција значи спречување на несакана бременост и прекинување на природните процеси на репродукција.

За таа цел се користат контрацептивни средства и методи кои можат да се поделат според начинот на употреба, ефикасноста, според траењето на употреба итн. Прифатена е следната класификација:

  1. Природни методи
  2. Механички методи
  3. Хемиски контрацептивни средства
  4. Хормонска контрацепција
  5. Интраутеринска контрацепција
  6. Стерилизација.

Природни методи[уреди | уреди извор]

Во природни методи на контрацепција спаѓаат: календарски метод, постпартална неплодност, прекинат однос, апстиненција.

Календарски метод[уреди | уреди извор]

Календарскиот метод претставува предвидување на настапот на овулација. Кај девојки со менструален циклус кој трае 28 дена овулацијата настанува околу четиринаесеттиот ден. Ова значи дека 3-4 дена пред и 2-3 дена после овој ден не се препорачливи сексуални односи поради можноста од забременување.

Шематски тоа би изгледало вака:

  • 1-2-3………. хххх 14ххх…………...…26-27-8, при што деновите означени со х се ризични.

Постпартален метод[уреди | уреди извор]

Постпарталниот метод, како што и самото име кажува-после пораѓањето. Тој се заснова на тоа што жените што дојат до четвртиот месец, неможат да останат бремени.

Прекинат однос[уреди | уреди извор]

Прекинатиот однос е традиционален метод кој на латински се нарекува coitus interruptus. Тој се состои во прекинување на односот пред ејакулацијата, т.е. спречување на внесување на спермата во вагината. Овој метод не е безбеден и се смета за примитивен бидејќи извесен број на сперматозоиди стигнуваат во вагината и пред ејакулацијата. Процентот на веројатност од забременување е 18%.

Механички методи[уреди | уреди извор]

Во механички методи спаѓаат: презервативот (кондом), женскиот презерватив (фемидом), дијафрагмата, цервикалната капа.

  • Користењето на кондомот е најпопуларен начин на контрацепција. Ратата на неуспех изнесува 3-4%, а 2% од кондомите се лабави и паѓаат, а понекогаш и се топат. Поради овој факт потребно е партнерите кои го користат ова средство за контрацепција со себе да имаат контрацептивна пена за итна употреба. Или пак најдоцна до 72 часа да земат ургентна контрацепција.
  • Женскиот кондом им овозможува на жените да бидат помалку зависни од мажите. Фемидомот се внесува во вагината и се мести на грлото од матката. Овозможува и заштита од преносливи болести како и кондомот.
  • Дијафрагмата претставува гумена чашка со флексибилен обрач. Ратата на забременување е 3%. Се мести на грлото од матката и механички го спречува навлегувањето на сперматозоидите. Големината на дијафрагмата ја определува гинеколог.
  • Цервикалната капа е слична како дијафрагмата и може да остане на местото до 48 часа.

Хемиски методи[уреди | уреди извор]

Во хемиски методи спаѓаат: спермициди, вагинална пена, крем, филм и супозитории, кои се користат комбинирано со кондом и дијафрагма. се внесуваат пред половиот однос, но можат да предизвикаат иритација поради што е потребна консултација со гинеколог.

Хормонска контрацепција[уреди | уреди извор]

Хормонската контрацепција се остварува преку земање на хормонална терапија (таблети). Тие се земаат континуирано 21 ден и не смее да се пропушти ниту еден ден. Се пијат на 24 часа и ја одложуваат менструацијата, која настапува после 21 ден откако ќе се престане со земањето на таблетите. Се смета дека ова е најдобар метод за контрацепција за младите генерации кои планираат понатаму да се репродуцираат. За тие 21 ден додека се пијат таблетите, бременост не може да настане. Исто така во групата на хормонска контрацепција спаѓа и ургентната контрацепција. Таа претставува контрацепција по избор и се зема само во ургентни итни ситуации (кинење на кондомот или пак секс без кондом). Ваквата контрацепција се зема најдоцна 24 часа по односот, но колку тоа се стори порано толку таа ќе биде поефикасна. Ваквиот вид на контрацепција се состои исто така од женски хормони, но во многу поголемо количество. Се земаат три таблети, а со нив се зема исто така и апчиња против повраќање, како не би се повратиле контрацептивните апчињата.

Позитивни страни

Многу се ефикасни ако се земаат таблетите правилно.

Нема потреба од прекинување на половиот однос.

Можна е долга употреба без штетни последици.

Помага во спречување на некои болести како вонматерична бременост и други.

Може да се прекине со земање во секое време

Негативни страни

Не штитат од полово преносливи болести

Ако се земаат неправилно, те нередовно можат да бидат неефикасни

Можат да предизвикаат несакани ефекти како гадење, повраќање...

Интраутеринска контрацепција[уреди | уреди извор]

Интраутеринската контрацепција е многу попозната како спирала. Таа е наменета за жени кои не планираат да се репродуцираат и кои не сакаат понатаму да имаат деца. Обично ја употребуваат жени кои се во брак и не сакаат да имаат многу деца. Спиралата ја поставува гинеколог, таа се поставува во матката и не смее да стои повеќе од 6 години. Од неа се ослободуваат хемиски материи кои предизвикуваат стерилност.

Стерилизација[уреди | уреди извор]

Стерилизација е метод при кој со оперативен зафат се врши прекин во преносот на гаметите кај мажите, т.е. се врши прекинување на семеводот. Процесот се изведува амбулантно и трае 20 минути со локална анестезија. Кај жените се врши сечење и прекинување на јајцеводите. Оваа операција е многу покомплицирана, а се изведува со целосна анестезија.

Корисни Совети[уреди | уреди извор]

  • Ејакулација надвор (коитус интеруптус), не се препорачува како сигурен метод за контрола на бременоста кај тинејџери. Овој метод, кога пенисот излегува од вагината пред да ејакулира, не е секогаш ефикасен. Овој начин не штити од СПБ.
  • При одлука да се користи кондом, тој треба да биде нов при секој сексуален контакт. Многу ретко, кондомот може да предизивка алергична реакција.
  • Рацете треба секогаш да се измијат со сапун и топла вода, пред да се вметне контрацептивно средство во вагината.
  • Одредување на плодните и неплодните денови во месецот е тешко, ако не ги одредува стручно лице.
  • Жената може да остане бремена или да се зарази со СПБ, дури и при нејзиниот прв сексуален контакт во животот.
  • Не треба да се менуваат често сексуалните партнери/партнерки, бидејќи постои голема можност за СПБ, особено во последно време вирусни инфекции со ХПВ (хуман папилома вирус за кого со сигурност се знае дека одредени типови предизвикуват рак на грлото на матката).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]