Ѓорѓе Балашевиќ

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ѓорѓе Балашевиќ (Đorđe Balašević)

Ѓорѓе Балашевиќ во Вировитица, Хрватска, во 2004
Биографски податоци
Роден(а) 11 мај 1953 (1953-05-11) (60 г.)
Нови Сад, СР Србија, СФРЈ
Потекло Нови Сад, Војводина, Србија
Жанрови акустичен рок
фолк рок
Занимања пејач, текстописец
Инструменти вокали, гитара
Период на активност 1977 – до денес
Издавачи ZKP RTLJ, Југотон, ПГП РТБ, Дискотон, UFA Media, Hi-Fi Centar, Salayka
Соработници Жетва, Рани Мраз, Биља Крстиќ

Ѓорѓе Балашевиќ е српски и југословенски пејач, кантавтор и актер. Роден е 11 мај 1953 во Нови Сад, СФРЈ (денес Србија). До сега има издадено 14 албуми. Има глумено во неколку телевизиски серии за кои ја има напишано и музиката. Живее и работи во Нови Сад. Оженет е со Оливера и има три деца (Јована и Јелена и Алекса).

Детство[уреди]

Ѓорѓе Балашевиќ е роден во Нови Сад, во семејството Јован Балашевиќ и од мајка Вероника Балашевиќ (родена Долонец) од Копривница (денес во Хрватска).

Ознака за улицата Јован Цвииќ

Балашевиќ детството го има поминато во Нови Сад во куќа на улицата Јован Цвииќ во која и денес живее со својата сопруга (која е по потекло од Босна и Херцеговина[1]) и со своите три деца. Песни започнал да пишува во основно училиште. Го напуштил средното училиште во трета година затоа што, како што самиот кажал, ги мразел предметите математика, физика и хемија. Сепак, успеал вонредно да го заврши средното училиште, а потоа и да го положи приемниот испит и да се запише на студии по географија. Факултетот не го завршил, но станал дел од гупата Жетва во 1977 година.

Музичка кариера[уреди]

Жетва и Рани мраз[уреди]

Во 1977 откако станал дел од групата Жетва, во истата година го издаваат синглот „У раздељак те љубим“ и со тоа го остварува првиот свој успех. Синглот е продаден во 180.000 примероци, што за тоа време претставувало голем успех.

Следната година ја напушта групата во која се афирмирал и заедно со Верица Тодоровиќ ја формира групата Рани мраз со која настапува на фестивалот во Опатија со песната „Моја прва Љубав“. Во текот на истата година снимаат уште неколку песни.

Пред започнувањето на снимањето на песната „Рачунајте на нас“ во работата на групата се приклучуваат бившите членови на групата Сунцокрети, Биљана Крстиќ и Бора Ѓорѓевиќ (познат како Бора Чорба). Песната станала популарна како помеѓу властите, така и помеѓу народот и на извесен начин претставувала химна на генерацијата.

Во Сплит во 1979 година Балашевиќ ја освојува првата награда со песната Панонски морнар. Во текот на 1980 година за време на отслужување на воениот рок во Загреб и во Пожеревац каде учествува во снимањето на ТВ серијата Војници. При крајот на годината излегува албумот „Одлази циркус“, инаку последниот албума на групата Рани мраз.

Соло кариера[уреди]

Во почетокот на 1982 година, со издавање на албормот Пуб ја започнува својата соло кариера. Следната година во зимата прв пат одржува конценрт во Сава центарот во Белград. Насловната нумера од албумот Celovečernji The Kid (издаден во 1983 година) е снимена на англиски јазик и инспирирана е од мексиканскиот фолклор. Во април 1984 го издава својот трет соло албум на кој се наоѓа можеби надобрата негова песна Словенска.

Започнувајќи од следниот албум Бездан, Балашевиќ формира екипа која со него редовно ќе работи како студиска и концертна поддршка. Самиот Балашевиќ смета дека со овој албум започнува најплодниот дел од неговото творештво. Следниот албум Панта реи добива исклучително лоши критики кои веројатно се последица на тешкиот период кој авторот го имал во приватниот живот.


Следниот албум Три послератна друга снимен е во 1989. Овој албум носи поднаслов Музика од истоимениот роман кој Балашевиќ го објавува во 1989 година. Овој албум бил добро прифатен како од публиката, така и од критиката. На овој албум се наоѓа и песната Д-мол - една од најубавте негови балади. Во периодот кога започнува војната во Југославија издаден е албумот Марим ја... Овој албум е запамтен по исклучително добрите текстови и носталгични ноти.

Во 1993 година Балашевиќ го снима албумот Један од оних живота. Албумот излегува во периодот на војната и економската криза која во СР Југославија постоела тогаш. Во тие години концертите на Балашевиќ поставуваат јавни чистилишта на кои тој изнесува критики против постојниот режим.

По нешто подолга пауза, во 1996 година, го објавува албумот На послетку. Песните на овој албум се снимено претежно со акустични инструменти. Од инструменти користени се: фагот, обоа, труба, виолина кои на убав начин ја пренсуваат атмосферата на песните на Балашевиќ.

Вториот роман го објавува во 1997 година. Содржината на романот ги прати содржините на неговиот претпоследен албум. Романот добива исклучително добри критики. Во 2000 година Балашевиќ го објавува политичкиот албум Деведесете. Во овој албум тој јавно ги осудива настаните од претходната деценија.

Љубовните песни кои не се присутни во претходниот албум во потполност го исполнуваат албумот Дневник старог момка кој го објавува на крајот на 2001 година. Овој албум содржи дванаесет песни и секоја од нив за наслов носи женско име. Овој албум ѝ е посветен на негова сопруга Оља. Инаку, со комбинација на почетните букви на сите песни од албумот се добива „Оља је најбоља“

Музика[уреди]

Песнита на Ѓорѓе Балашевиќ може да се поделат на три групи:

  • емотивни песни (љубовни песни и носталгични песни),
  • песни со политички мотиви и
  • хумористични песни.

Концерти[уреди]

Дискографија[уреди]

Со Жетва[уреди]

Синглови[уреди]

  • "U razdeljak te ljubim" / "Srce mi je kao ratar" (1977)

Со Рани мраз[уреди]

Студиски албуми[уреди]

  • Mojoj mami umesto maturske slike u izlogu (1979)
  • Odlazi cirkus (1980)

Синглови[уреди]

  • "Moja prva ljubav" / "Kristifore crni sine..." (1978)
  • "Računajte na nas" / "Strašan žulj" (1978)
  • "Oprosti mi Katrin" / "Život je more" (1978)
  • "Panonski mornar" / "Moja draga sad je u Japanu" (1979)
  • "Lagana stvar" / "Prvi januar (popodne)" (1979)
  • "Tri puta sam video Tita" / Tri puta sam video Tita - интрументална" (1981)

Соло албуми[уреди]

Студиски албуми[уреди]

  • Pub (1982)
  • Celovečernji The Kid (1983)
  • 003 (1985)
  • Bezdan (1986)
  • Panta Rei (1988)
  • Tri posleratna druga (1989)
  • Marim ja... (1991)
  • Jedan od onih života (1993)
  • Naposletku (1996)
  • Devedesete (2000)
  • Dnevnik starog momka (2001)
  • Rani mraz (2004)

Албуми снимени во живо[уреди]

  • U tvojim molitvama - Balade (1987)
  • Da l' je sve bilo samo fol? (1997)

Компилации[уреди]

  • Najveći hitovi (1991)
  • The Best Of Vol. 2 (87 - 92) (1993)
  • Ostaće okrugli trag na mestu šatre (2003)

Синглови[уреди]

  • "Ljubio sam snašu na salašu i druge priče" (1978)
  • "Hej čarobnjaci svi su vam đaci" / "Hej čarobnjaci svi su vam đaci - instrumental" (1982)
  • "1987." / "Poluuspavanka" (1987)

Литература[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: