Стопански весник

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стопански весник, весник на Стопанската комора и стопанството на Македонија.

Првиот број на весникот излегол во Скопје на 17 јануари 1953 година.

Во почетокот весникот се појавил како орган на Трговската угостителска комора на НР Македонија.

Од 1983 година излегува како ревија која стручно и аналитички ја третира стопанската проблематика во Македонија и светот. Од 1984 година се појавува со поднасловот: Ревија на Стопанската комора на Македонија.