Џејмс Гарфилд

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Џејмс Абрам Гарфилд(James Abram Garfield 19 ноември 183119 септември 1881) бил 20 претседател на САД, кој служел кратки 200 дена од 4 март 1881год. до неговата смрт на 19 септември 1881год. Тој го имал вториот најкратки претседателски мандат после Вилијам Хенри Херисон (William Henry Harrison). Тој исто така бил еднинствениот титулар од Претставничкиот Дом на САД избран за претседател. Гарфилд бил роден во Морленд Хилс, Охио и дипломирал во 1856год. на Вилијам колеџот. Се оженил за Лукрециа Рудолф во 1858год. Во 1860год. тој бил примен во Комората додека служел како државен сенатор на Охио (1859год. – 1861год.). Гарфилд бил командир во армијата на САД за време на граѓанската војна и се борел на битката кај Шилох. Тој влегол во Конгресот како републиканец во 1863год., спротивставувајќи се на ропството и сецесијата. Следејќи ги компромисите заедно со Јулисе Грант, Џејмс Блеин и Џон Шерман, Гарфилд бил номиниран од страна на Републиканската партија за претседателските избори во 1880год. и успешно го победил демократот Винфилд Хенкок. Гарфилд постигнал многу малку затоа што поминал малку време како претседател. Во неговото пристапно обраќање тој изразил желба за реформата во државната служба, што била на крајот усвоена од неговиот наследник Честер Артур во 1883год. како закон за реформа во државната служба. Неговото претседателство било скратено откако му бил извршен атентат од Чарлс Гуто додека влегувал на железничката станица во Вашинктон на 2 јули 1883год. Гарфилд бил вториот претседател на САД над кого бил извршен атентат. После неговата смрт тој бил наследен од заменик-претседателот Честер Артур. ПОТЕКЛО== Наслов == Џејмс Абрам Гарфилд бил роден на 19 ноември, 1831год., од шкотско потекло, во Оринџ Тауншип денешно Морланд Хилс, Охио. Неговиот татко, Абрам Гарфилд починал во 1833год. кога Џејмс Абрам имал само 17 месеци. Тој бил израснат од неговата мајка Елиза Балоу, сестрите и неговиот вујко. Во родното место Гарфилд посетувал претходник на училиштето Оринџ. Од 1851год. до 1854год. тој го посетувал ,,Western Reserve Eclectic Institute’’. Потоа Гарфилд се префрлил на колеџот Вилијам каде што бил член на братството Делта Ипсилон. Тој дипломирал во 1856год. како извонреден студент, кој ги обожавал сите предмети освен хемија. По краток период на проповедање во христијанска црква (1857год. – 1858год.), Гарфилд аплицирал за директор на средно училиште во Њујорк. Откако не бил примен на тоа работно место аплицирал во институтот за електрика. Гарфилд предавал класични јазици во академската 1856-1857год. и бил унапреден во директор на институтот од 1857год. до 1860год. На 11 ноември, 1858год. се оженил со Лукрециа Рудолф. Тие имале седум деца: (пет сина и две ќерки) Елиза Арабел Гарфилд (1860 – 1863), Хенри Агустус Гарфилд (1863 – 1947), Џејмс Рудолф Гарфилд (1865 – 1950), Мери Гарфилд (1867 – 1947), Ирвин Гарфилд (1870 – 1876), Абрам Гарфилд (1872 – 1951) и Едвард Гарфилд (1874 – 1876). Еден од синовите, Џејмс Гарфилд, ги следел неговите чекори, влегол во политиката и станал внатрешен секретар за време на претседателот Теодор Рузвелт. Во средина на шеесетите Гарфилд имал афера со Луциа Колхун, која подоцна ја признал на својата жена и таа му опростила. Гарфилд одлучил дека академскиот живот не е за него и приватно студирал право. Во 1860год. бил примен во Комората на Охио. Дури и пред примањето во Комората тој влегол во политиката. Бил избран за државен сенатор на Охио во 1859год. и служел до 1861год. Гарфилд бил републиканец целиот свој политички живот.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици