Инио Асано

Од Википедија — слободната енциклопедија

Инио Асано (浅野 いにお, Асано Инио, роден на 22 септември, 1980 година во префектурата Ибараки, Јапонија) е јапонски манга автор. Асано ја создаде реномираната манга Solanin која беше издадена како филм во Јапонија во 2010 година, во кој игра Аои Мијазаки.[1] Познат е по своите реалистични приказни кои се движат од секојдненви приказни до психолошки хорор. Во 2001 година го освои првото место во GX натпреварот за млади манга уметници. Истата година го издаде и своето дебитенто дело Uchu kara konniti wa.

Весникот Yomiuri Shimbun го опишува како еден од гласовите на својата генерација.[1]

Дела[уреди | уреди извор]

Стил[уреди | уреди извор]

Уметничкиот и пишувачкиот пристап на Асано се единствени, со веднаш препознатлив визуален стил и сценарија кои се занимаваат со карактеристичните животи на млади луѓе. Во својата кратка кариера како мангака, Асано се има пробано во различни формати и жанрови - екзостенцијални вињети, психоделичен хорор - со деликатни емоционални следи и желба да ги крши тромавите правила на раскажување.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ozaki, Mio (April 16, 2010). „The disaffected world of Inio Asano“. Yomiuri Shimbun. Japan. Архивирано од изворникот 2010-04-24. Посетено на May 11, 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • ASANO Inio(англиски) во каталогот на персоналот на мрежното место Baka-Updates.