Агадир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Агадир е град во југозападен Мароко, седиште на регионот Сус-Маса-Дра. Има 678,596 жители (во 2004). Благата зимска клима (јануарски просечни дневни температури 20 °C) и добрите плажи го направија овој град главна "зимсколетна" дестинација за северните Европејци. Сегашниот градоначалник е Тарик Кабаџ.

Градот се наоѓа на бреговите на Атлантскиот Океан, близу падините на Атласките Планини, северно од точката каде реката Сус се влева во океанот

Панорама на морскиот брег од Касбах.
Плажата видена од хотелот Анези.

Денес, Агадир е важно риболовно и комерцијално пристаниште, првото пристаниште за сардини во светот. Од Агадир се извезуваат и кобалт, манган, цинк и цитруси. Овој град е познат морски туристички центар со долги песочни плажи. Поради неговите високи згради, пространи патишта, модерни хотели и кафулиња во европски стил, Агадир не е типичен град на традиционалниот Мароко, а е модерен, зафатен и динамичен град. Познат е по својата морска храна и земјоделство.

Главните маала на Агадир се:

  • Secteur Touristique
  • Les Amicales
  • Градскиот центар
  • Nouveau Talborjt
  • Cité Suisse
  • Dakhla
  • Anza
  • L'Erac.
  • Quartier Industriel
  • Quartier Residentiel

Градот го служи Аеродромот Ал Масира.

Надворешни врски[уреди]