Свети Стефан (светец)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свети Стефан (детаљ) од Џакомо Каведоне

Свети Стефан (наречен Првомаченик) (1 век - околу 36) бил првиот христијански маченик.

Биографија[уреди]

Според делата на апостолите, тој бил Евреин роден во странство, кој живеел во Ерусалим и кој ѝ се придружил на црквата многу млад. Тој бил еден од седумте ѓакони назначени од апостолите да се грижат за старите жени, вдовиците и сирачињата. Како хеленизиран Евреин жестоко се противел на јудаистичкиот култ на храмовите. Поради тоа што го искажувал своето противењ, бил изведен пред Санхедрин. Неговото бранење на христијанството толку ги разбеснило неговите сослушувачи што бил осуден на смрт со каменување. Еден од тие кои се согласиле со погубувањето бил Сол од Тарсус (Свети Павле). [1]

Наводи[уреди]

  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 8, стр. 178