Коптска православна црква

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Коптска православна црква на Александрија
Ϯⲉⲕ̀ⲕⲗⲏⲥⲓⲁ ̀ⲛⲣⲉⲙ̀ⲛⲭⲏⲙⲓ
̀ⲛⲟⲣⲑⲟⲇⲟⲝⲟⲥ
Coptic cross.svg
Коптски православен крст
„Исус Христос, Син Божји“
Основач Апостол Марко
Независност Апостолска ера
Признавање Древноисточни цркви
Поглавар Теодор II
Седиште Александрија и Каиро во Египет
Територија Египет, Нубија, Судан, Киренаика, Либија и Африка
Власт Близок Исток, Канада, Велика Британија, Западна Европа, Јужна Америка, Австралија, Нов Зеланд, Океанија, Југоисточна Азија и Кариби
Јазик коптски, грчки, арапски, англиски, француски, германски, свахили, африканс
Верници ~20.000.000 ~16.000.000 во Египет
Портал Мрежно место на коптскиот папа

Официјално мрежно место

Коптичката православна црква е главна христијанска црква во Египет. Денеска, таа претставува најголема црква во земјата, со околу 90% од вкупниот број на христијани во земјата,[1], или ококу 15.000.000 верници[2][3][4][5][6][7][8][9][10][11]. До 18 век се нарекувала само Египетска црква. Доктрински се совпаѓа со источното православие, освен што смета дека Исус имал чиста божествена природа и никогаш не станал човек, верување што Советот на Халкедон го одбил (види: монофизитски ерес) во 451 година[12]. По освојувањето од Арапите (7 век) книги за служба биле пишувани со коптик и арапски во паралелни текстови. Црковната власт е демократска, а патријархот, кој живее во Каиро, се избира. Има конгрегации надвор од Египет, особено во Австралија и САД и црквата е во заедништво со етиопската, ерменската и сириската јакобинска црква.

Историја[уреди]

Основање[уреди]

Според верувањата, оваа православна црква била основана од страна на Свети Марко, апостол и евангелист, кон средината на 1 век (во приближно 42 година)[13]

Одвојување[уреди]

На Четвртиот вселенски собор, претставниците на Коптската црква не ги прифатиле решенијата на собирот, по кое тие биле прогласени за еретични. Тоа довело до сериозно потчинување на оваа црква, најпрвин од страна на Византија, а подоцна и од страна на арапските освојувачи, кои вршиле присилно исламизирање на локалното население. Со отфрлањето на Халкидонскиот собор (451) од теолошки и политички причини, Коптската црква се издвоила од православната. До 457 година еден монофизит бил патријарх александриски.

Под исламско управување[уреди]

Од арапското освојување на Египет во 642, оваа црква е под муслиманската власт. За време на жестоките прогони во 10 и 11 век многу цркви биле разурнати, а голем број на христијани преобратени во ислам. Во текот на својата долга и неизвесна историја оваа црква успеала да ја сочува древната вера и традицијата. Христијанското монаштво започнало во Египет и тука се одржало без прекин. Денес доаѓа до препород на монашкиот живот со стапување на образовани луѓе и жени во манастирите.

Поглаварот на оваа христијанска црква, „папата александриски и патријарх на столицата на св. Марко“, имал свое седиште во Каиро почнувајќи од 11 век. Црковниот јазик кој се користи е коптски, кој повеќе не се употребува во современ Египет. Нејзините припадници најчесто ја користат литургијата на Свети Василиј, во текот на која му се упатуваат многу молитви „на Нил, рибите и живите суштества“.

Во текот на 19 век, патријархот Кирил IV започнал преговори за присоединување на коптските христијани кон православните, но бил отровен. Неговите противници влегле во сојуз со Рим во 1898 година. Така, под влијанието на Римокатоличката црква, околу 2% од членовите на црквата го признале приматот на римскиот папа. Оваа група истовремено ја образува и т.н. Коптска католичка црква.

Се до половината на 20 век живееле во релативна хармонија со соседите. Тоа било прекинато со доаѓањето на Гамел Абдел Насер, чија политика на национализација на приватната сопственост ги погодило пред се коптските христијани, чиј живот се влошил до таа мера што голем дел емигрирале. Коптите наиделе на бројни пречки и тортури- од нивната неадекватна застапеност во јавниот сектор до проблеми при добивање на дозволи за градба на верски објекти.

Црквата денес[уреди]

Коптската православна црква „Св. Архангел Михаил“ во Асуан

Коптската православна црква се состои од околу 400 општини, подредени на 32 епархии, од кои 28 се во Египет, 2 во Судан и по 1 во Кенија и Израел. Богослужбата во неа се води на арапски и коптски. Карактеристично за Коптската црква е осмогласието и користењето на литургиите на Василиј Велики, Григориј Богослов и Кирил Александриски, со што се сродни со Православната црква. Друга карактеристика за коптите е тоа што нивното крштевање вклучува и тетоважа во вид на крст.

Денес Коптите во Египет се теоретски рамноправни со останатите, а според официјални извори ги има околу 9 милиони. Во САД ги има околу 30.000 и се собрани во 14 цркви.

На чело на Коптската православна црква стои папа, кој ја има титулата Патријарх на Александрија. Моментален папа е Теодор III. Најпознати припадници на коптските христијани од Египет се поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Бутрос Бутрос Гали и глумецот Омар Шариф.

Од 365 дена во годината Коптите постат дури 210 дена.

Коптите станале актуелни по 1 јануари 2010, кога се случил крвав напад врз Коптска Православна црква во Александрија, во кои биле убиени 21 лице. Се случиле големи судири со полицијата, со главно барање заштита на христијаните. По овој напад во Европа пораснала загриженоста дека на мета на терористите би можеле да се најдат и Коптите кои живеат во Германија, Франција и Австрија. Нереди во Каиро се случиле и во март 2011 година, кога група муслимани ја нападнале христијанската коптска црква во Каиро, тврдејќи дека сакале да ослободат девојка која присилно била држена во храмот затоа што имала намера да премине во ислам[14].

Наводи[уреди]

  1. "Egypt from “U.S. Department of State/Bureau of Near Eastern Affairs”". United States Department of State. September 30, 2008.
  2. „Egypt from “The World Factbook”“. American Central Intelligence Agency (CIA). 4 септември 2008. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/eg.html. 
  3. „Egypt from “U.S. Department of State/Bureau of Near Eastern Affairs”“. United States Department of State. 30 септември 2008. http://www.state.gov/r/pa/ei/bgn/5309.htm. 
  4. „”The Copts and Their Political Implications in Egypt”“. Washington Institute for Near East Policy. 25 октомври 2005. http://www.washingtoninstitute.org/templateC05.php?CID=2386. 
  5. IPS News (retrieved 09-27-2008)
  6. [1]. The Washington Post. "Estimates of the size of Egypt's Christian population vary from the low government figures of 6 to 7 million to the 12 million reported by some Christian leaders. The actual numbers may be in the 9 to 9.5 million range, out of an Egyptian population of more than 60 million." Retrieved 10-10-2008
  7. [2]. The New York Times. Retrieved 10-10-2008.
  8. [3] The Christian Post. Accessed 28 September 2008.
  9. NLG Solutions <Online>. Egypt. Accessed 28 September 2008.
  10. „Egypt from “Foreign and Commonwealth Office”“. Foreign and Commonwealth Office -UK Ministry of Foreign Affairs. 15 август 2008. http://www.fco.gov.uk/en/about-the-fco/country-profiles/middle-east-north-africa/egypt. 
  11. „Egypt Religions & Peoples from “LOOKLEX Encyclopedia”“. LookLex Ltd.. 30 септември 2008. http://lexicorient.com/e.o/egypt_4.htm. 
  12. The Christian Coptic Orthodox Church Of Egypt
  13. Eusebius of Caesarea, the author of Ecclesiastical History in the fourth century, states that st. Mark came to Egypt in the first or third year of the reign of Emperor Claudius, i.e. 41 or 43 A.D. "Two Thousand years of Coptic Christianity" Otto F.A. Meinardus p28.
  14. http://daily.mk/Dnevnik/okolu-60-povredeni-vo-novi-verski-sudiri-vo-kairo/731448