Филипо Брунелески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Филипо Брунелески

Претпоставен портрет на „Воскреснувањето на Теофиловиот син“ од Мазачо
Националност Италијанец
Познат(а) по архитектура, вајарство
Значајни дела куполата на црквата Санта Марија дел Фјоре
Движење рана Ренесанса

Филипо ди сер Брунелеско Лапи[1], попознат како Филипо Брунелески (италијански: Filippo Brunelleschi; Фиренца, 1377 - Фиренца, 15 април 1446) бил италијански архитект, вајар и инженер, кој се смета за еден од пионерите на раноренесансната архитектура во Италија. Зазема значајно место, не само во архитектурата, туку во целата ренесансна уметност во Италија. Неговото најзначајно дело е куполата на катедралата Санта Марија дел Фјоре во Фиренца, која била изградена со помош на машина која самиот Брунелески ја измислил за тој потфат.

Голем дел од она што се знае за неговиот живот и дело е благодарение на неговиот помлад современик, Антонио де Тучио, кој во 1480 година ја напишал неговата биографија. За животот и делото на Филипо Брунелески сведочи и Антонио Манети, според кој Брунелески бил почестен со тоа што бил погребан во катедралата Санта Марија дел Фјоре со мермерна биста, којашто се вели дека била создадена за време на неговиот живот и била поставена на неговиот гроб како епитаф.[2]

Биографија[уреди]

Статуата на Филипо Брунелески во катедралта Санта Марија дел Фјоре во Фиренца

За неговиот живот се знае многу малку. Единствените извори со информации се од Антонио де Тучео и Џорџо Вазари[3]. Брунелески се родил во 1377 година, но неговиот точен датум на раѓање е непознат. Неговиот татко бил познат фиренски нотар, кој го воспитувал во духот на хуманизмот, врз основа на книжевните и научните дела, како на пример оние од Данте Алигиери. Се здобил со добро познавање, а школувањето го започнал како златарски чирак, а мајстор станал во 1398 година. Најпрвин, работел како златар и вајар, а бил и член на зсдружението на еснафи Арте дела Сета. Според тоа, не е чудно, што неговата прва градба, Сиропиталишната болница во Фиренца, му била доверена од еснафот во којшто членувал.[4]

Во 1401 година, учествувал на конкурс за изградба на бронзени порти за крстилницата во Фиренца. Како и златарот Лоренцо Гиберти, Брунелески направил позлатени порти, на кои била претставена жртвата на Исак. Неговата пријава упатувала на изгледот на класична статуа, додеа Гиберти користел гол труп за својата фигура. Во 1403 година, Гиерти бил прогласен за победник, најмногу поради неговата надмоќна техничка вештина, особено поради тоа што неговата фигура била направена само од еден единствен дел. За разлика од ова, фигурата на Брунелески била составена од повеќе меѓусебно заковани делови.

Гробот на Филипо Брунелески во подземјето на катедралата Санта Марија дел Фјоре

По овој конкурс, Брунелески се определил за архитектурата и бил еден од оние архитекти, кој не поседувал никакво архитектонско или градежно образование до својата определба.

Лоренцо Гиберти предложил готски проект, по што поротата одлучила Брунелески да работи заедно со него, но Брунелески се налутил и заминал во Рим, каде што започнал да студира античка архитектура.

Во Рим студирал заедно со својот голем пријател Донатело. Врз основа на студиите започнал да ги применува правилата на линеарната перспектива. Во своите дела не се водел само од конструкцијата на античките градби. При изградбата на куполи, куполата на катедралата во Фиренца само по изглед изгледа како Пантеон, а конструкцијата е нова.

Починал на 15 април 1446 година во родиот град и бил погребан во подземните одаи на катедралата Санта Марија дел Фјоре.

Дела[уреди]

Брунелески бил сестран и надарен уметник, чиешто дело влијаело на многу други архитекти, меѓу најпознат е Микелоци, кој се смета дека бил и негов ученик.

Во 1401 година, на конкурсот за изградба на портите за крстилницата во Фиренца, Брунелески го покажал своето знаење и сфаќање на ренесансната уметност.

Реализам мот од времето на ренесансата не произлегувал од обновувањето на античката уметност, туку од потребата да се задоволат човечките потреби и можноста да се користат достигнувањата на античката уметност.

За разлика од архитектонските дела, скулптурата не само што се појавува во многу облици карактеристични за хуманизмот, туку е различна од архитектонските дела и претставува посебно уметничко дело. Се смета дека на конкурсот на којшто учествувал Брунелески, бил направен исчекорот кон ренесансната уметност. Со Брунелески, зградата не го совладала човекот, туку за прв пат човекот со пропорција дошол до законот за просторот и со примена на математичкиот модел на романескната архитектура до законитоста за разликата на случајноста во романескниот простор.

Брунелески добивал инспирација од средината од потекнувал, односно од романескната, готската и тосканската архитектура.

Сиропиталишна болница[уреди]

Сиропиталишната болница во Фиренца

Во 1419 година, Брунелески започнал да работи на изградбата на фиренската Сиропиталишна болница, која се смета за карактеристичен претставник на ренесансната архитектура.

Долгиот чардак бил редок пример во кривите и тесни улици на Фиренца, а впечатливи станале и куполите, висока 8 m. Сепак, градбата била достоинствено возвишувана. Нејзината надвореност била без мермерни делови и гравури. [5] Градбата била првата во Фиренца, во којашто забележителни биле античките елементи. Болницата била завршена околу 1445 година. При изградбата на оваа градба, Брунелески бил инспириран од романескната и тосканската архитектура, со оглед на тоа дека никогаш не се водел од стиловите на античката архитектура, како што вообичаено се наведува. Всушност, неговата цел била да создаде нов архитектонски правец со употреба на елементи од античката архитектура и да воспостави ново сфаќање на хармонијата и убавината.

Куполата на катедралата Санта Марија дел Фјоре[уреди]

Куполата на црквата Санта Марија дел Фјоре

За изградба на куполата, на почетокот на 15. век бил распишан конкурс, на кој задачата ја добил Филипо Брунелески. Во проектот се предвидувала изградба на осмоаголна купола, која требала да се изгради од 1420 до 1434 година.

Куполата била изградена на надвор, од цигли кои биле додавани во вид на рибји коски, без употреба на скеле. Куполата е трета по должината на пречникот, веднаш по куполата на базиликата Свети Петар во Рим и Пантеонот.

Градбата е тешка 37.000 тони и е изградена од 4.000.000 цигли. Брунелески изработил неколку модели и слики за време на создавањето на конструкцијата и морал да анализира посебни машини за оваа работа. За време на изградбата, тој конструирал голем дрвен кран, кој служел за кревање на градежниот материјал. Исто така биле употребувани и железни ланци, на кои биле затегнати камењата, кои служеле како темел на конструкцијата. На овие планови им се потсмевал Гиберти и ги нарекувал невозможни.

Задачата да се засводи огромниот простор меѓу столбовите ја започнал во 1420 година. За таа цел ги употребил пронајдоците карактеристични за готската архитектура. Неговото решение се сметало за чудо на градежната техника. Градбата траела до 1434 година.

Брунелески не ја видел куполата во денешниот изглед, бидејќи по неговата смрт била дополнета со златна топка.видео у садашњем изгледу и после његове смрти је купола допуњена латерном и златном куглом. Пречникот на куполата изнесува 42 m, што е за само 1,2 m помалку од најголемата купола на светот, куполата на античкиот Пантеон.

Црквата Сан Лоренцо[уреди]

Џовани Медичи му ја доверил на Брунелески изградбата на црквата Сан Лоренцо, којашто станала погребна капела на семејството Медичи. Изградбата траела од 1420 до 1428 година и истата се смета за мајсторско дело на раната ренесанса. Нејзината внатрешност потсетува на троделна романескна базилика.

Во периодот од 1421 до 1440 година, работел на изградбата на ризницата во црквата.

Црквата Сан Спирито[уреди]

Внатрешноста ан црквата Сан Спирито

Од спротивната страна на реката Арно, во однос на црквата Сан Лоренцо било предвидено да биде изградена црката Сан Спирито, за чијашто изградба бил ангажиран Брунелески. Планот бил подготвен во 1428 година, а благодарение на големиот придонес на богатите фирентински семејства, изградбата започнала во 1436 година и траела и по смртта на архитектот.

Црквата, денес се смета за еден од најубавите ренесансни цркви во Фиренца.

Капелата Паци во црквата Санта Кроче[уреди]

Капелата Паци

Последното значајно дело на Брунелески била изградбата на капелата Паци во црквата Сан Кроче во Фиренца. Ниту една фасада од градбите проектирано од страна на Брунелески не го сочувала својот првобитен изглед, а истото било случај и со капелата Паци, која започнала да се гради во 1430 година. Сепак, градбата на капелата претставува оригинално дело, коешто целосно се разликувало од дотогашните згради и средновековни фасади.

Цивилна архитектура[уреди]

Освен со црковната архитектура, Брунелески работел и на изградбата на ренесансни палати. Какои црковните, така и цивилните градби ги проектирал на посебен начин, што всушност и го обележило неговто творечко дело.

Палатата Пити

Неговите цивилни градби се одликуваат со цврст и стабилен изглед. Првите катови биле изградени од посебно обработен камен, за разлика од погорните катови, за кои е карактеристична употребата на полесно обработен камен. Овие градби претставуваат математичка композиција, бидејќи трите ката како поединечни делови биле меѓусебно поврзани со полукружни лакови на прозорските отвори, кои создаваат геометриска целина.

Брунелески го изработил проектот за најголемата палата на семејството Пити, која поради својата големина не можела да биде довршена додека архитектот бил жив и била довршена дури во 1577 година.

Список на најзначајни дела[уреди]

Меѓу најзначајниот дела, во чијашто изградба бил вклучен Брунелески се вбројуваат:

Занимливости[уреди]

  • Астероидот 6055 Брунелески е именуван во чест на овој ренесансен архитект.

Наводи[уреди]

  1. Usato ad esempio da Vasari (1560-1568), vedi anche Capretti, cit., стр. 10
  2. Antonio Manetti, The Life of Brunelleschi, Pennsylvania State University Press, 1970
  3. Filippo di ser Brunelesco Giorgio Vasari's Lives of the Artists
  4. Eugenio Battisti, Filippo Brunelleschi, Rizzoli, New York, 1981
  5. Heinrich Klotz, Filippo Brunelleschi: the Early Works and the Medieval Tradition, Academy Editions, London, 1990.

Корисна литература[уреди]

  • Argan, Giulio Carlo, “The Architecture of Brunelleschi and the Origins of Perspective Theory in the Fifteenth Century” in J. Warburg and Courtauld Institutes 9 (1946), 96-121
  • Fanelli, Giovanni, 2004, Brunelleschi’s Cupola: Past and Present of an Architectural Masterpiece, Florence: Mandragora
  • Kemp, Martin, “Science, Non-science and Nonsense: The Interpretation of Brunelleschi's Perspective” in Art History 1 (2) (1978), 134-161
  • Prager, F.D., “Brunelleschi's Inventions and the 'Renewal of Roman Masonry Work'” in Osiris 9 (1950), 457-554
  • Millon, Henry A. and Lampugnani, Vittorio Magnago (editors), 1994, The Renaissance from Brunelleschi to Michelangelo: the Representation of Architecture, London: Thames and Hudson
  • Trachtenberg, Marvin, What Brunelleschi Saw: Monument and Site at the Palazzo Vecchio in Florence
  • King, Ross, Brunelleschi's Dome: How a Renaissance Genius Reinvented Architecture