136 Разбиена еврејската побуна од страна на царот Адријан, забрана за сите Евреи да се вратат во Ерусалим и промена на името на Ерусалим во Елија Капитолина; прва забележана употреба на титулата Папа од римскиот епископ Хигиниј
166 Како одговор на кватродециманизмот, папата Сотир востановува годишно прославување на Пасха во Рим, како додаток на неделната прослава на Воскресението
цца. 175 Тацијан ги хармонизира четирите канонски евангелија во една нарација
177-180 Прогон под царот Марко Аврелиј (161-180)
180 Иринеј Лионски го пишува „Против ересите“
180-192 Грчки превод на Стариот завет од Теодотиј
193-211 Грчки превод на Стариот завет од Симах
197 Кватродециманска контроверза
200 Мачеништво на Иринеј Лионски
202 Царот Септимиј Север издава едикт против Христијанството и Јудаизмот; Мачеништво на Харалампиј од Магнезија
202-210 Прогон под царот Септимиј Север (193-211)
206 Кралот Авгар IX ја преобратува Едеса во Христијанство
цца. 209 Мачеништво на Албан Британски
210 Иполит Римски, епископ и свештеномаченик, последен римски отец кој зборувал грчки, ги пишува „Одбивање на сите ереси“ (Философумена) и „Апостолско предание“
цца. 225-250 Пишување на Апостолската Дидаскалија (Дидахи)
227 Ориген го започнува толкувањето на Битието, а го завршува „За Првите Начела“
238 Прогонство под Максимин VI; мачеништво на св. Иполит Римски
235-238 За време на владеењето на Гордијан и Филип, Арапската Црква проповеда отворено и привлекува добро образовани преобратени
цца. 240 Ориген ја приготвува Хексапла
244 Плотин основа Неоплатонска школа во Рим, како реакција на Црквата
246 Павле од Теба во Египет станува првиот христијански пустиник (еремит)
247 Рим слави илјадогодишен јубилеј, сведочејќи период на зголемено прогонство на Христијаните
248 Ориген го пишува „Против Целз“
249-251 Прогон под царот Декиј VII
257-260 Прогон под царот Валеријан VIII
258 Мачеништво на Кипријан Картагински
260 Павле Самосати започнува проповед против божественоста на Христос; Римскиот Синод го осудува Севалијанството и Суборданизмот
264 Изопштување на Павле Самосати
265 „Единосуштен“ (homoousios) е употребен за првпат од модалните монархијанити
274-275 Прогонство под царот Аврелијан IX
270 Упокојување на Григориј Чудотворец; Порфириј Тирски го пишува „Против Христијаните“
284 Диоклецијан станува Римски цар, ја прогонува Црквата со околу милион маченици; мачеништво на Козма и Дамјан, Андреј Стратилат и 2593 војници со него
300 Христијанското население брои 6 200 000, или 10.5% од населението на Римското Царство
301 Григориј Просветител го преобраќа цар Трдат I Ерменски во Христијанство
302 20000 маченици се запалени во Никомидија
303 Почеток на Големото Прогонство (303-311); мачеништво на Георгиј Победоносец
цца.305-311 Лактанциј ги пишува Божествените Установи
цца.306 Синодот од Елвира пропишува целибат за клирот и поставува строги казна за изневерување и прељуба, на тој начин станувајќи модел кој подоцна ќе биде прифатен од Западот
308 Папата Марцел I се спротивставува на попустливоста кон Христијаните кои попуштиле при гонењата
310 Ерменија станува првата Христијанска нација; прогон на Христијаните под персискиот цар Шапур II
311 Галериј пропишува Едикт на Толеранција, завршувајќи го прогонот а Христијаните во неговите делови на Римското Царство; Донатистово востание во Картегина
312 Визија и преобраќање на Константин Велики; пораз на Макценциј на Битката на Мувлискиот Мост, правејќи го Константин Цар на Западот; мачеништво на Лукијан Антиохиски
313 Миланскиот Едит издаден од страна на Константин Велики и совладетелот Лициниј, официјално прогласувајќи верска слобода во Римското Царство
314 Анкирскиот Собор; Арлскиот Собор го осудува Донатизмот
325 Прв вселенски собор одржан во Никеја, кој ја осудува Аријанската ерес, ја поставува Пасхалијата и го објавува Никејскиот Символ на верата (подоцна надополнет, Никео-Цариградски Символ), и го поставува приматот на Апостолските Мориња во Рим, следен од Александрија, Антиохија и Ерусалим.
326 Откривање на Чесниот Крст од светата царевица Елена; крал Миреј од Грузија станува Христијанин.
328 Св. Атанасиј Велики станува Епископ Александриски
329 Св. Атанасиј Велики го раколопага Фрументиј за свештеник и го испраќа да ја евангелизира Етиопија
330 Византиум е преименуван во Константинопол / Нов Рим, Христијански главен град на Римското Царство, и е посветен на Пресвета Богородица од светиот цар Константин; авва Амон и Макариј Велики основаат манастири во египетскиот Скит.
336-338 Св. Атанасиј Велики е прогонет во Трев, околност која ја користи за ширење на монашкото правило на св. Пахомиј Велики и будејќи го интересот за монаштво во Европа.
337 Упокојување на св. цар Константин.
340 Вулфил го прифаќа Аријанството.
341 Антиохијскиот Собор одржан; царот Констанциј ги забранува и пропишува смртна казна за паганските жртвувања и магиски ритуали.
345 Упокојување на св. Николај Мир-Ликијски.
348 Упокојување на св. Пахомиј Велики и Спиридон Тримфутски.
350 Св. Нинијан ја основа Црквата Кандида Каса во Шкотска.
351 Појавување на Крстот над Ерусалим.
355 Упокојување на св. Нина Кападокиска (Грузиска, рамноапостолна).
357 Одржан Сирмискиот собор (денешна Сремска Митровица), од кој произлегува аријанската ткн. богохулство од Сирмиум.
358 Св. Василиј Велики основа манастир во Понт; почеток на монаштвото.
359 Одржани Соборите во Селеукија и Римини.
360 Св. Мартин од Турс го основа првиот манастир во Франција; изградена царевиградската Света Софија.
362 Антиохиска схизма (362-414).
361-63 Јулијан Апостат станува Римски цар; обид да се возобнови паганството.
364 Одржан Соборот во Лаодикија.
367 Св. Атанасиј Александриски го пишува Пасхалното писмо, и за првпат го дефинира Новозаветниот Канон; упокојување на св. Илариј Пиктавијски.
373 Упокојување на св. Атанасиј Велики и св. Ефрем Сирин.
374 Амвросиј е избран за Епископ на Миланската Катедра.
375 Св. Василиј Велики го пишува „За Светиот Дух“.
376 Визиготите го прифаќаат Аријанството.
379 Упокојување на св. Василиј Велики; царот Грацијан го издигнува Римскиот Епископ над другите епископи од неговата јурисдикција.
380 Христијанството е воспоставено како официјална религија во Римското Царство од страна на царот Теодосиј Велики; Соборот во Сарагоса го осудува Прискилијанизмот.
381 Одржан Втор вселенски собор во Цариград, кој го осудува Македонијанизмот/Пневматомахијанизмот и Аполинаријанизмот, објавувајќи ја светоста на Светиот Дух, потврдувајќи го претходниот Собор, и дополнувајќи го Никео-Цариградскиот Символ; Аријанските епископи се расчинети од страна на Амвросиј Медиолански на Соборот во Аквилеја.
382 Папата Сирициј за првпат во историјата се здобива со титулата Pontifex Maximus.
391-392 Затворање на сите нехристијански храмови во Империјата; св. Теодосиј Велики со декрет ги забранува Елеуските мистерии и предизвикува постепено изумирање на паганските жртвување во Александрија и Рим.
393 Одржан Хипонскиот собор, кој го објавува Канонот на Светото Писмо; царот Теодосиј го забранува одржувањето на Олимписките игри како пагански фестивал.
394 Св. Епифаниј Кипарски ги напаѓа оригеновите учења како еретички; одржан Цариградски собор.
395 Блажен Августин станува Епископ Хипонски; положување на Богородичниот појас во црквата на Богородица Халкопратеа во Цариград; поделба на Империјата со упокојувањето на св. цар Теодосиј Велики.
397 Картагинскиот собор го објавува канонот на Светото Писмо; упокојување на св. Мартин Турски и св. Амвосиј Милански.
418 Основање на аријанско Визиготско Кралство на земјата подарена од царот Хонориј.
418-24 Соборот во Картагина фрла анатема на Пелагијанизмот, со што ја оправдува Авустиновата антропологија.
426 Блажен Августин ја пишува книгата „За Градот Божји“.
426 Нестор е избран за патријарх Цариградски.
429 Целестин I, Епископ Римски, испраќа Епископи на мисија во Британија за справување со пелагијанската ерес; упокојување на Св. Сисој Велики.
430 Петар Ивериски основа манастир во близина на Витлеем.
431 Одржан Третиот вселенски собор во Ефес, кој ги осудува несторијанството и пелагијанството, потврдувајќи ја употребата на името «Богородица» за Дева Марија, и потврдувахќи ја автокефалноста на Црквата во Кипар.
435 Упокојување на Свети Јован Касијан и Свети Акакиј Мелитински; Несториј протеран во манастир во Сахара со царски указ.
438 Објавен Кодексот на Теодосиј.
439 Вандалите ја освојуваат Картагина.
444 Упокојување на Кирил Александриски; Лав Велики, Епископ Римски ја аболицира Галската викарија.
445 Царот Валентијан Трети објавува декрет за признавање на приматот на Римскиот Епископ.
447 Земјотрес во Цариград, настан при кој едно дете е воздигнато до небесата, каде ја слуша Трисветата песна.