Христијанизација на Киевска Русија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Христијанизација на Киевска Русија

Христијанизација на Киевска Русија е процес кој се одвивал на неколку етапи. Во почетокот на 867 година, патријајархот Фотиј Константинополски објавил дека Киевска Русија била покрстена од страна на византиските мисионери. Сепак комплетната христијанизација на земјата се случила во 10 век, односно од крајот на 980 година кога кнезот Владимир. Киевска Русија одиграла голема улога за воведувањето на православното христијанство[1], издвојувајќи ја византиската од словенската култура. Христијанството, официјално било воведено во 988 година, односно по официјалното крштевање на Кнезот Владимир.[2] Периодот на владеење на Владимир I Велики (980-1015) и Јарослав I Мудриот (1019-1054) го претставува периодот на Златното владеење на Киевска Русија. Неколку години подоцна, бил создаден првиот законик наречен Руска правда.[3] На почетокот, кнезовите на Киевска Русија го следеле примерот на византиските императори, одржувајќи ја црквата под своја контрола[4] од што произлегла и тесната поврзаност и во наредните векови меѓу државата и црквата.

На местото каде бил крстен Владимир денеска се наоѓа катедралата Свети Владимир, во непосредна близина на Севастопол.

Владимир, кој управувал со земјата во периодот од 978 до 1015 година, христијанството како официјална религија во земјата го прогласил во 988 година. По овој чин земјата стапила во контакт со западните словени и Византија, од каде и дошло самото покрстување.

Наводи[уреди]

  1. Kievan Rus' and Mongol Periods, Glenn E. Curtis (уредн.), Russia: A Country Study, Department of the Army, 1998, ISBN 0-16-061212-8
  2. See The Christianisation of Russia, The Russian Primary Chronicle
  3. Gordon Bob Smith, Reforming the Russian Legal System, Cambridge University Press, 1996, стр. 2–3, ISBN 0-521-45669-X
  4. P. N. Fedosejev, The Comparative Historical Method in Soviet Mediaeval Studies, USSR Academy of Sciences, 1979, стр. 90