Прејди на содржината

Соборна црква Свети Владимир (Киев)

Координати: 50°26′41″N 30°30′32″E / 50.44472° СГШ; 30.50889° ИГД / 50.44472; 30.50889
Од Википедија — слободната енциклопедија

50°26′41″N 30°30′32″E / 50.44472° СГШ; 30.50889° ИГД / 50.44472; 30.50889

Соборна црква Свети Владимир
Патріарший кафедральний собор св. Володимира
Владимирский собор
Основни податоци
МестоКиев, Украина
Припадностправославие
Осветен1862-1882
ВодствоУкраинска Православна црква - Киевска патријаршија
Архитектонски опис
Архитектонски стилнеовизантиска архитектура
Завршен1896

Соборна црква Свети Владимир (украински: Патріарший кафедральний собор св. Володимира, руски: Кафедральный собор Святого Владимира или Владимирский собор) — соборна црква која се наоѓа во средиштето на Киев, Украина. Соборната црква е една од најголемите знаменитости на градот и претставува мајка-црква на Украинската православна црква, една од двете украински православни цркви.

Во 1852 година, митрополитот Филарет Московски предложил да биде изградена голема соборна црква во Киев по повод 900 години од христијанизацијата на Киевска Рус од страна на кнезот Владимир, односно Свети Владимир. Така луѓето од скоро сите краишта на Руското Царство започнале да даруваат средства за таа цел, така што во 1859 година, фондот натрупал огромна сума од 100.000 рубли.

Од страна на Киевско-печерската лавра биле подарени еден милион тули. Дизајнот бил извршен во неовизантиски стил од страна на архитектите. Висината на крстот на главната купола е 49 метри (161 стапки).

Соборниот храм бил завршен во 1882 година, но целосно заедно со внатрешниот дел во 1896 година. Во текот на 1920 година, храмот бил оштетен во текот на Полско-советсската војна. По доаѓањето на советската власт, објектот избегнал рушење. До Втората светска војна, храмот служел како музеј на религијата и атеизмот. Моштите на Света Барбара, маченичка од 3 век, биле префрлени во манастирот Свети Михаил. Во периодот по војната, објектот останал еден од ретките места во СССР, каде туристите слободно можеле да ја посетат црквата.

По распаѓањето на Советскиот Сојуз, започнал спор околу сопственоста на соборната црква помеѓу двете главни православни цркви, Украинската православна црква под автономен статус на Москва, и Украинската православна црква - Киевска патријаршија, која ја добила контролата над црквата.