Филмско студио Довженко

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Филмско студио Довженко
Тип државно претпријатие
Oснована 1927
Седиште Киев, Украина
Клучни личности Игор Ставчански (ид)
Дејност филмска
Производи филмови
Биста на Александар Довженко пред студиото

Филмското студио „Довженко“ (украински: Національна кіностудія художніх фільмів імені О. Довженка, Национално филмско студио за уметнички филмови „О. Довженко“) е филмско студио кое се наоѓа во Киев, Украина.

Наречено е во чест на истакнатиот украински и советски режисер и продуцент Александар Довженко (1894-1956), а основано е во 1957 г. под денешното име. Во 2000 г., добило статус на национално студио, а до 1991 било дел од Советското филмско студио.

Историјата на денешното филмско студио започнала во 1920 г, кога украинската киноуправа објавила конкурс за изградба на филмско претпријатие до 1925 г. Од пријавените дваесетина кандидати, бил избран проектот на Валериј Риков. По неговата изградба, студиото станало најголемо во Украина.

Познати филмови на студиото[уреди]

Во студиото „Довженко“ него снимени повеќе познати советски филмови од тоа време како:

  • 1926 „Јаготка на њубовта“ (Ягодка любви)
  • 1928 „Арсенал“ (Арсенал)
  • 1928 „Звенигора“ (Звенигора)
  • 1929 „Човек со камера“ (Человек с киноаппартом)
  • 1930 „Земја“ (Земля)
  • 1932 „Иван“ (Иван)
  • 1935 „Аероград“ (Аэроград)
  • 1939Шчорс“ (Щорс)
  • 1964 „Тајните на заборавените предци“ (Тіні забутих предків)
  • 1970 „Белата птица со црн белег“ (Білий птах з чорною ознакою)
  • 1972 „Изгубеното уверение“ (Пропала Грамота)
  • 1973 „Едни страрци одат во бој“ (В бой идут одни «старики»)
  • 1991 „Глад-33“ (Голод-33)
  • 1995 „Московјанецот-волшебник“ (Москаль-чарівник)
  • 2003 „Мамај“ (Мамай)

Поврзано[уреди]