Црква Свети Константин и Света Елена (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црква Свети Константин и Света Елена
Церква святих Костянтина та Єлени
Карта
Место Киев
Земја Украина
Историја
Основана1734
Архитектура
Завршена1734
Урната1935

Свети Константин и Света Елена (украински: Церква святих Костянтина та Єлени) — поранешна православна црква кој се наоѓала во Киев, Украина. Црквата била изградена во 1734 година, а била разрушена во 1920-тите години.

Историјата на црквата започнала кон средината на XVII век, кога Богдан Хмелницки го зел земјиштето од Католичката црква. Во тоа време била изградена дрвена црква, која изгорела во 1726 година. Во 1734 година, градоначалникот на градот го дал почетокот на изградбата на новата црква, и истата била завршема истата година. Во 1747 година била изградена и камбанарија а по ова следувало и реновирање на христијанскиот објект. Оваа црква исто така изгорела во 1865 година.

Поголемиот дел од храмот бил уништен во советско време. Од целиот комплекс останале само ѕидините на Свети Димитриј, без куполата.