Национален музеј на жртвите од Гладомор (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Музеј на жртвите од Гладомор
Меморіал пам'яті жертв голодоморів
Општи информации
Град Киево-печерска лавра, Киев
Земја Украина
Изградбата започнала 2008-2009
Проектирање и изградба
Клиент Виктор Диденко
Архитект Анатолиј Гајдамаки
Јуриј Ковалев

Националниот музеј на жртвите од Гладомор (украински: Національний музей Меморіал пам'яті жертв голодоморів в Україні) е музеј кој се наоѓа во Киев, Украина во близина на манастирските пештери. Комплексот е посветен на годините на глад од 1932 до 1933 година во Украина, како и од 1921 до 1923 година.

Овој комплекс бил изграден во 2008 година. Музејот бил основан по наредба на кабинетот на украинските министри. Комплексот е дело на националниот уметник на Украина, Анатолиј Гајдамаки и архитектот Јуриј Ковалев.

Во 2010 година, музејот добил статус на национален споменик.