Црква на Христовото раѓање (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црквана Христовото раѓање
Церква Різдва Христового
Карта
МестоКиев
ЗемјаУкраина
ВероисповедУкраинска православна црква - Киевски патријарх
Историја
Основана19 век
Посветена наХристово раѓање
Архитектура
Завршена21 век

Црквата на Христовото раѓање (украински: Церква Різдва Христового ) е црква кој се наоѓа во Киев, Украина.

Овој христијански храм бил изграден во периодот од 1809 до 1814 година, на местото на стара дрвена црква, а како главен архитект бил Андреј Иванович Меленски. Црквата требало да биде готова многу порано, но во 1811 година во неа избувнал пожар. Новиот архитект Б. Гести во голема мера го променил архитектонскиот план на црквата.

Црквата била целосно уништена по налог на комунистичката влада во 1935 година, а истата била повторно изградена во 2000-тите.