Воведенска црква (Киев)
Воведенска црква | |
---|---|
Введенська церква | |
Место | Киев |
Земја | Украина |
Вероисповед | УПЦ-МП |
Историја | |
Основана | 1882 |
Архитектура | |
Завршена | 2005 |
Урната | 1930 |
Воведенската црква (украински: Введенська церква ) е црква која се наоѓа во Подил, Киев, Украина.
Овој православен храм бил изграден во периодот од 1882 до 1885 година, а во 1930 година бил разрушен од страна на советите. Во 2005 година храмот бил повторно изграден.
Наскоро, по крштевањето на кнезот Владимир Велики, во доцниот 10 век, била изградена првата дрвена црква. Векови подоцна, во 1718 година, на местото на стариот храм била изградена нова дрвена црква, која била посветена на Воведувањето во храмот на Пресвета Богородица.
Во текот на доцниот 19 век, старата црква била повторно срушена и на нејзино место била изградена новата црква. Во 1885 година, храмот бил осветен. По доаѓањето на болшевиците на власт, црквата во 1930 година била повторно разрушена.
По падот на комунизмот, во 1990-тите години била покренета иницијатива за повторна изградба на црквата. Така, во март 2005 година, митрополитот Владимир го осветил новиот храм. Во текот на 2007 и 2009 година, во црквата започнало да работи неделно училиште. На 22 април 2011 година, црквата претрпела мал пожар.