Вознесенска црква (Шевченковски реон - Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вознесенска црква
Вознесенська церква
Карта
Место Киев
Земја Украина
Историја
Основана1718
Архитектура
Урната1879

Вознесенската црква (украински: Вознесенська церква ) е поранешна црква која се наоѓала во Киев, Украина.

Црквата била изградена во 1718 година, а во 1879 година била затворена. Претходно на местото на оваа црква постоела стара дрвена црква. Црквата била изградена во времето на Јоасаф Кроковски, митрополит. Според сведоштвата на Николај Закревски, храмот бил изграден во дворот на митрополитската палата. Кога подоцна палатата била префрлена, оваа црква станала парорхиска.

Храмот бил изграден во стил на украински барок. Сепак, информациите околу историјата на овој храм денеска се многу малку.

Во текот на ширењето на реонот, во 1879 година било решено христијанскиот објект да биде разрушен. Подоцна, на ова место била изградена зграда на Богословијата.