Црква Свети Александар (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црква Свети Александар
Церква святого Олександра
Карта
МестоКиев
ЗемјаУкраина
ВероисповедРимокатоличка црква
Историја
Основана1817
Посветена наАлександар I
Архитектура
Стилкласичен стил
Завршена1842

Црквата Свети Александар (украински: Церква святого Олександра) е римокатоличка црква кој се наоѓа во Киев, Украина.

Црквата била изградена во 1842 година и денеска припаѓа на Житомирската епархија. Tаа е една од двете римокатолички цркви во градот кои датираат од 19 век. Била изградена во класичен стил, со висока главна купола, и две кули на влезот од црквата.

Оваа црква, во 2001 година била посетена од страна на папа Јован Павле II. Официјален празничен ден на црквата е 5 мај.

2017

Историја[уреди | уреди извор]

Историјата на катедралата започнала во времето на рускиот цар Александар I, по кој е именувана. Таа била изградена од средства донирани од благородништвото на Киев. Прибирањето на средствата било завршено во 1814 година.

Графот Потоцки напишал писмо до царот на Русија, барајќи дозвола за изградба на црквата. Така оваа писмено барање му било одобрено на 17 јули 1815 година. Изградбата на црквата била отежнета, главно поради избивање на полското востание во 1830-1831 година. Изградбата на црквата била завршена на 30 август 1842 година, кога истата била осветена. Трошоците на изградба на црквата се проценуваат на 200,000 рубли.

По доаѓањето на комунистите, зградата била затворена, а подоцна претворена во планетариум. По распаѓањето на СССР, на 15 септември 1990 година, во црквата била одржена литргија по 63 години. Следната 1991 година, црквата била предадена на Католичката црква каде по нејзината реконструкција, на 7 октомври 1995 година била повторно осветена.