Успенска катедрала (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Успенска катедрала
Успенский собор


Место Киев
Земја Украина
Историја
Основена 1073
Архитектура
Завршена 2000
Срушена 1941

Катедралата на Успението на Пресвета Богородица, позната и како Големата црква (украински: Успенський собор) е главната црква која се наоѓа во Киево-печерската лавра во Киев, Украина.

Христијанскиот храм бил основан во 1073 година по иницијатива на Теодосиј Печерски, и била изградена во период од три години со средства кои биле донирани од страна на принцот Свјатослав II. Во 1230 година храмот бил разрушен од земјотрес, а во 1240 година бил дополнително разрушен од страна на Монголите.

Негово повторно обновување се случило во 1470 година, но веќе во 1482 година бил повторно ограбен од страна на Кримските Татари. Во следните години храмот бил на неколку пати повторно оштетуван и повторно реконструиран. Во 1718 година бил опожарен, а во 1729 година бил повторно обновен и проширен во стил на украински барок.

Во времето на Втората светска војна, храмот бил разрушен од страна на експлозија на 3 ноември 1941 година. Според доказите на Нирнбершкиот процес[1] , храмот бил намерно разрушен од германските окупациони сили. Пред уништувањето на храмот, под ракоодство на Ерих Кох Рајх било спроведено масовно ограбување на вредностите на црквата.

По експлозијата, храмот бил оставен во урнатини како доказ за нацистичките злосторства. Неговата реконструкција започнала по повод 1000 години од христијанизацијата на Киевска Рус. Во 1995 година, претседателот на Украина, Леонид Кучма издал декрет за реконструкција и изградба на Успенскиот собор. Целосната изградба завршила на 24 август 2000 година.

Наводи[уреди]