Црква Свети Петар и Свети Павле (Куренивка - Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црква Свети Петар и Свети Павле
Церква апостолів Петра і Павла
Карта
Место Киев
Земја Украина
Историја
Основана1903
Архитектура
Завршена1905
Урната1987

Црква Свети Петар и Свети Павле (украински: Церква апостолів Петра і Павла) е поранешна православна црква кој се наоѓала во Киев, Украина. Црквата била изградена во 1905 година, а била разрушена во 1987 година.

Првата црква била изградена во 1759 година, според некои извори претходно дури постоела и друга црква на истите темели од 1735 година. Овие две цркви биле разрушени, за да во 1905 биде изградена нова црква.

Во текот на советскиот период, црквата била затворена. Во 1944 била користена како фабрика и продавница. Пред само неколку години да падне комунизмот, од страна на градските власти било издадено решение за рушење на црквата и изградба на нејзино место 9-катна зграда.

Во 2003 година, во близина на зградата е изграден мал храм во чест на Свети Петар и Свети Павле.