Покровска црква (Соломенски реон - Киев)
Покровска црква | |
---|---|
Покровська церква | |
Место | Киев |
Земја | Украина |
Вероисповед | Украинска православна црква - Киевска патријарх |
Историја | |
Основана | 1895 |
Архитектура | |
Завршена | 1897 |
Покровската црква (украински: Покровська церква ) е капела која се наоѓа во Киев, Украина.
црквата била изградена во 1895 година, а официјално осветена во 1897 година. Идејата за изградба на оваа црква дошла во 1891 година во спомен на митрополитот Платон Городетски, кој починал на 1 октомври 1891 година. Во тоа време, Соломенскиот реон претставувал периферија на градот Киев, но бил густо населен и во реонот не постоела црква. За главен архитект бил избран Иполит Николаев.
Фининсирањето на изградбата на црквата било од страна на некои градски трговци, за да на крај за изградбата на објектот бидат потрошени 37.000 рубли. Во 1905 година, храмот бил реконструиран.
Во времето на советската ера, црквата била затворена во 1939 година. Во тие години, дел од црквата, заедно со камбанаријата биле разрушени. По војната, имало неколку обиди за рушење на црквата, но истите биле неуспешни.
По падот на комунизмот, црквата била отворена и целосно реновирена.