Црква Берестово спасение

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црква Берестово спасение
Церква Спаса на Берестові
Церква Спаса на Берестові


50°26′22″ СГШ 30°31′35.4″ ИГД / 
Место Киев
Земја Украина
Деноминација УПЦ-МП
Историја
Основена 1893 и 2000
Посветена на Михаил Киевски
Архитектура
Архитект Владимир Николаев
Style украински барок, класицизам
Завршена 1640-1643
Срушена 1482
Спецификации
Број на куполи 5


Црквата на Берестовото спасание (украински: Церква Спаса на Берестові) е црква која се наоѓа во Киев, Украина северно од Пештерниот манастир. И покрај тоа што се наоѓа надвор од комплексот, сепак е вклучен во спосокот на светско наследство на УНЕСКО во Украина.

Берестово во времето на Владимир Велики претставувал приградски резиденција, во почетокот на 11 век. Оваа резиденцвија била користена и од страна на некои негови наследници. Во 1073 година покрај ова место бил изграден манастир. Изградбата на сегашната структура не е документурана, но според поголемиот број на историчари, истиот бил завршен за време на владеењето на Владимир II (1113-1125).

Според усторичарите по уметност, оваа црква вовела некои структурни иновации во архитектурата на Киевска Рус. По смртта на Владимир II, црквата била користена од неговото семејство. Црквата била оштетена во 1240 од страна на Монголите, и повторно во 1482. До 17 век, црквата стоела во урнатини. Кон средината на 17 век, црквата била повторно подигната, разликувајќи се од претходната. Таа се одликува од прекрасните фрески во нејзиниот внатрешен дел, кои биле насликани од страна на грчки мајстори. Во 1751 година, внатрешноста на црквата била реновирена, и повторно во 1813-1814 година.