Куќа Икскул-Хилденбанд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа Икскул-Хилденбанд
Будинок Ікскюль-Гільденбанда
Карта
Општи податоци
Стилготика
ГрадКиев
ЗемјаУкраина
Почната1891
Проектирање и изградба
АрхитектНиколај Вишневски

Куќата Икскул-Гилденбанд претставува историски споменик на архитектурата на Киев, Украина. Објектот се наоѓа во близина на Чоколадната куќа.

Објектот бил изграден во 1891 година и дизајниран од страна на Николај Вишневски. Припаѓало на баронското семејство Икскул-Хилденбанд. Куќата се состои од 7 апартмани и служи за изнајмување.

Во времето на Советскиот Сојуз, куќата била национализирана и претворена во комунално одделение, а подоцна во станбена зграда. Во оваа куќа живееле советски академци, поети и слично.

Во независна Украина, куќата во 2000-тите години била реновирена во готски стил и била вратена во првобитниот изглед.