Контрактовски плоштад

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Контрактовски плоштад
Контрактова площа
View of NaUKMA from Kontraktova square.JPG
Податоци
Локација Киев
Земја Украина

Контрактовскиот плоштад (украински: Контрактова площа) е плоштад кој се наоѓа во Киев, Украина. Плоштадот се наоѓа во реонот Подил, и претставува голем економски, културен и транспортен центар на Подил.

Плоштадот бил познат уште во времето на Киевска Рус како стратешки дел од Подил[1]. Изградбата започнала во текот на 18 век[1][2].

Во периодот од 1748-1749 година била изградена Самсоновата фонтана, чија изградба била наменета за дистрибуција на водата во оваа област[3].

Во текот на својата историја, плоштадот имал многу имиња. Во периодор од 1869-1919 се викал Александров плоштад, во периодот од 1919-1944 се викал Црвен плоштад, од 1945-1990 се викал Контрактовски, но сеуште популарно се нарекувал по своето старо име, за да во 1990 официјално биде преименуван под денешното име.

Позначајни градби:

Наводи [уреди]

  1. 1,0 1,1
    1. пренасочување Шаблон:Наведена книга
  2. „Kontraktova Ploshcha“ (на Ukrainian). „Wiki-Encyclopedia Kiev“. http://wek.kiev.ua/uk/Контрактова_площа. проверено на 2007-12-13. 
  3. Hewryk, Titus D. (1982). „The Lost Architecture of Kiev“. New York: The Ukrainian Museum. ASIN: B0006E9KPQ. http://oldkyiv.kiev.ua/index2.htm.  (Out of print)