Биковња

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Биковња
Меморијален споменик
Меморијален споменик
Местоположба: Киев, Украина
Основано: 30 април 1994 (комплекс)[1]
Изградено за: "За жртвите од политичките репресии"[1]
Архитект: М. Кисли, Р. Кухаренко, В. Чепелик (скулптур)[1]
Неважечка знаменитост
Прогласено: 30 април 1994[1]
Неважечка знаменитост
Прогласено: 22 мај 2001[1]
Неважечка знаменитост
Прогласено: 17 мај 2006[1]

Биковња (украински: Биківня, руски: Быковня, полски: Bykownia) е поранешно мало село на периферијата на Киев, Украина, што било припоено кон градот во 1923 година. Познато е по истоимениот национален меморијален центар.

За време на сталиновиот период во Советскиот Сојуз, Биковња претставувало место каде НКВД спровеле егзекуции и погреби на илјадници луѓе, непријатели на советската влада[2]. Според некои извори, бројот на жртвите се движи од 30.000[3] до 100.000[4] како и до 120.000 луѓе[5], иако според други проценки, бројот на жртвите бил до 200.000[6][7] па дури и до 225.000 егзекуции[5].

Историја[уреди]

Од почетокот на 1920 година до крајот на 1940-тите, односно во времето на сталинистичките чистки, советската влада започнала да ги собира телата на убиените политички затвореници на боровите шуми надвор од селото Биковња и ги погребувала во гробница од 15.000 м2. Досега се идентификувани 210 масовни гробници од страна на полските и украинските археолози кои работат на локалитетот.

Масовната гробница била откриена од страна на Германците, заедно со многу други такви места во Советскиот Сојуз. Сепак, по откривањето на Катинскиот масакр, Биковња не била дел од германскиот план на место за егзекуции. Во 1950 година селото било реконструирано како предградие на Киев. Во 1970-тите години советските власти планирале да изградат голема автобуска станица на местото на масовната гробница, но идејата не успеала.

Освен политички егзекуции, се смета дека на ова место биле убиени и полски војници и офицери кои во 1939 година биле заробени по нападот на СССР врз Полска. Нивниот број изнесува 3.435 луѓе. Сепак, во текот на советската ера било невозможно да се спроведе некакво истражување околу тоа за колкав број на жртви станува збор. Во 1962 година, Васил Симоненко бил до смрт претепан поради обвинување за жртвите.

По падот на комунизмот, на 30 април 1994 година бил изграден голем меморијален споменик на жртвите на комунизмот. Приближно во исто време биле спроведувани и археолошки ископувања од страна на полски и украински археолози. Во 2001 година, Виктор Јанукович местото го прогласил за историско-меморијален комплекс. Виктор Јушченко станал првиот претседател на Украина кој учествувал во чествувањето 100.000 луѓе закопани во масовната гробница во околината на Киев. Тогаш тој изјавил: Ние мораме да ја знаеме вистината бидејќи нашиот народ изгубил повеќе од 10.000.000 луѓе без борба[4].

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Information at the Science-Researching Institute in Preservation of Monuments
  2. (полски) Cheko, Polish Press Agency (September 2007). „Odkryto grzebień z nazwiskami Polaków pochowanych w Bykowni“. „Gazeta Wyborcza“ (2007-09-21). http://wiadomosci.gazeta.pl/Wiadomosci/1,80269,4509809.html. конс. 21 септември 2007. 
  3. "Ukraine reburies 2,000 victims of Stalin's rule". Reuters. 27 October 2007
  4. 4,0 4,1 (англиски) Zenon Zawada (May 2006). „100,000 buried at Bykivnia recalled at Day of Remembrance“ ([мртва врска]Scholar search). „The Ukrainian Weekly“ LXXIV (22). http://www.ukrweekly.com/Archive/2006/220602.shtml. конс. 21 септември 2007. 
  5. 5,0 5,1 (англиски) Michael Franklin Hamm (1995). „Kiev“. Princeton: Princeton University Press. ISBN 0691025851. 
  6. (англиски) Raymond Pearson (2002). „The Rise and Fall of the Soviet Empire“. Palgrave. стр. 220. ISBN 0333948076. 
  7. (англиски) Taras Kuzio; Andrew Wilson (1994). „Ukraine: Perestroika to Independence“. University of Alberta: Canadian Institute of Ukrainian Studies Press. ISBN 092086287X.