Штекавички гробишта (Киев)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Штекавички гробишта
Щекавицький цвинтар
Податоци
Основани1750-1950
МестоКиев, Украина
ЗемјаУкраина
Типјавни

Штекавичките гробишта (украински: Щекавицький цвинтар) се неактивни гробишта кои се наоѓаат во Киев, Украина.

Гробиштата биле основани во 1772 година, и на истите се вршело погреби до 1950 година. Во 1782 година, овде била изградена Црквата на сите светители. Овде почиваат моштите на Артем Ведел, руски композитор и Владимир Икоников, украински историчар.

Во 1900 година, Градскиот совет одлучил да се затворат гробиштата. Поединечните погреби продолжиле до 1928 година, каде по ова започнало уништување на гробиштата.