Патонски мост (Киев)
| Патонски мост Міст Патона |
|
| Намена | автомобили |
|---|---|
| Премостува | Днепар |
| Место | Киев, Украина |
| Одржува | Kyivavtodor |
| Проектант | Евгениј Патон |
| Материјал | челик |
| Вк. должина | 1.543 metres (5,060 ft) |
| Ширина | 21 metres (69 ft) |
| Распони | 26 |
| Столбови во вода | 48 |
| Носивост | 70,000 дневно |
| Натпростор | 18 metres (59 ft) |
| Изградбата почнала | јуни 1941 |
| Изградбата завршила | ноември 1953 |
| Отворен | 5 ноември, 1953 |
| Отворен | 5 ноември, 1953 |
| Дневен сообраќај | 36,000 дневно |
| Координати | |
Патонскиот мост (украински: Міст Патона) е мост се наоѓа во престолнината на Украина, Киев. Мостот минува преку реката Днепар, а е именуван според нејзиниот градител, Евгениј Патон.
Овој мост бил изграден во периодот од 1941 до 1953 година, и е најголемиот во Украина со должина од 1.543 метри или 5.062 стапки. Официјално бил отворен на 5 ноември 1953 година. По неговото отварање, мостот немал некои поголеми обнови до 1968 година, кога биле поставени огради од двете страни, бил обележан пешачкиот и автомобилскиот сообраќај. Во 1976 година се сметало дека мостот нема да може да издржи, бидејќи бил дизајниран за околу 10.000 возила на ден. Сепак, резултатите покажале дека мостот е способен да издржи и до 70.000 возила дневно.
Во 2004 година, мостот претрпел голема реконструкција. Истата година престанал да постои трамвајскиот сообраќај покрај мостот, а биле додадени дополнителни ленти преку кои бил регулиран големиот метеж по мостот. Денеска, мостот е поделен на седум патеки. Од 1 февруари 2008 година, по иницијатива на Министерството за транспорт на Украина, на мостот било додадено дополнително осветлување. Во 2009 и 2010 година, мостот бил повторно реновиран.
Кон крајот на 2011 година, мостот треба да започне со нова реконструкција.
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Патонски мост (Киев)“ |