Alex Art House

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спомен-куќа на Александар Прогнимак
Карта
Основан2009
МестоКиев, Украина Украина
ДиректорОксана Бруховеска
Мреж. местоwww.alexart.ua

Alex Art House или Спомен-куќата на Александар Прогнимаке музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев. Спомен куќата се состои од три галерии, приватна клекција и музеј на антички книги.

Објектот бил отворен на 28 мај 2009 година од страна на Александар Прогнимак. Изложбата се состои од картографски материјал, како одраз на територијата на Украина и соседните територии на Полска, Литванија, Русија и Отоманското Царство. Во овој дел од комплексот се презентирани мапи од познатиот француски картограф и инженер Гијом де Боплан. Исто така, колекцијата вклучува астрономски карти со ликот на небото, соѕвездија, планетите, кометите и други небесни тела на познатиот германски астроном и математичар од XVII век. Јохан Допелмаер. Голем интерес предизвикуваат две карти од 1478 година на Украина, кои биле издадени во Рим.