Бабин Јар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бабин Јар
Споменик на жртвите
Исто така познат какоБабин Јар
МестоБабин Јар, Киев, Украина
Дата29 и 30 септември 1941 и други дати
Вид на злосторгеноцид
СторителиФридрих Јекелн, Ото Раш, Пол Блобел
ОрганизацииАјнзацгрупи, Ordnungspolizei, Sonderkommando 4a
ЛогорСиретски концентрационен логор
Жртви33,771 евреи
100,000–150,000 украинци, цигани и советски военоначалници
СпоменициБабин Јар и други места
БелешкиВеројатно најголем дводневен масакр во текот на Холокаустот. Сиретскиот концентрационен логор исто така се наоѓал во областа.

Бабин Јар (украински: Бабин Яр) — место во Киев, Украина, каде било извршено масовно убивање на претежно еврејското население на земјата од страна на нацистичката Вафен-СС во времето на Втората светска војна.

Пред злосторот[уреди | уреди извор]

По нападот на Нацистичка Германија на територијата на Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941 година, германските сили започнале многу бргу да напредуваат по источната линија. На 19 септември 1941 година, германските сили пристигнале во Киев. И покрај тоа што градот бил бранет од страна на членовите на Црвената армија, тие во целина ја пуштиле германската војска во градот, сметајќи дека дошол крајот на Сталиновото владеење во земјата. Но оваа мислење многу бргу се променило. На 28 септември, во градот биле распространети летоци на кои пишувало:

Сите Евреи, кои живеат во Киев и регионите, да се јават до 8 часот, во понеделник, на 29 септември 1941 година, на аголот од улицата Мелниковски. Со себе да носат документи, пари и топла облека. Секој Евреин, кој нема да ја почитува овој налог, доколку биде некаде пресретнат, ќе биде застрелан. Секој цивилен граѓанин, кој влезе во евакуираното еврејско место, исто така ќе биде застрелан.

Така, скоро сите жители, вклучително и 175.000 евреи во целиот регион, сметале дека станува збор за депортација. Всушност, нацистите зеле решение уште на 26 септември, сите Евреи да бидат убиени, како одмазда за серии од бомбардирања врз германските инсталации, за кои биле обвинети Евреите. По војната станало јасно дека овие бомбени акции биле спроведени од страна на членовите на НКВД, за да го забават германското напредување во внатрешноста на земјата.

Злосторот[уреди | уреди извор]

Така, Евреите биле соберени покрај гробиштата, очекувајќи да бидат испратени во вагоните и да бидат депортирани. Тие биле избирани на мали групи од по десет членови. Според А. Кузнецов:

Немаше никаква можност да избегаш. По нивните тела се гледаше само крв. Војниците не престануваа да викат "Schnell, schnell!, смеејќи се, како да се наоѓаа на некаква циркуска претстава. Тие дури бараа начин да предизвикаат поголеми рани, по ребрата, стомакот или слабините.

По ова, на Евреите им било наредено да се соблечат, а доколку некој откаже, истиот бил тепан, а на крајот биле застрелани. Така според Einsatzgruppen Operational Situation Report No. 101, најмалку 33.771 Евреи од Киев биле убиени на Бабин Јар на 29 и 30 септември 1941 година. Како целина, околу 60.000 луѓе биле убиени подоцна, вклучително и Роми и советски военоначалници.

Последици[уреди | уреди извор]

По војната, советското раководство, поддржувајќи ја антисемитската политика, го одбегнало чествувањето на етничка основа. Поради оваа причина, неколкуте обиди за изградба на меморијален центар на Бабин Јар останале без успех.

Сепак, во 1976 година бил изграден официјален споменик на советските граѓани кои загинале кај Бабин Јар. Меморијалниот споменик на загинатите Евреи бил поставен во 1991 година.